Уметник создава реалистични кукли кои ќе вe наежат!

Понекогаш артистите се толку вешти што кога ќе создадат нешто, како овие реалистични кукли, тоа може да биде по малку застрашувачко. Таков е примерот на рускиот уметник Михаел Зајков. Кога го следите процесот на изработка на куклите, она што најмногу ви се врти низ главата додека ги гледате е мислата: „Те молам немој да трепнеш…“

Уметник создава реалистични кукли кои ќе ве наежат!

Зајков дипломирал на кубанскиот државен универзитет во Русија во 2009-тата година. Од 2010 до 2013 работел во куклен театар, паралелно привршувајќи ги своите магистерски студии. Но, тој стекнал домашна, па и светска слава, откако ги прикажал своите дела на уметничката изложба „Art Dolls“ во Москва. При изработката на своите кукли, Зајков користи најразлични материјали како полимер глина, рачно нацртани очи на стакло од Германија и француски мохер за косата. Погледнете…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар