Почувствувајте ја велигденската магија преку овие цитати!

Почувствувајте ја велигденската магија преку овие цитати!

Велигден е симбол на надежта и новиот живот. Освен тоа, велигденските денови преставуваат и време за обнова, па заедно со убавината на пролетта ни носат убава енергија. Цитатите кои ќе ги прочитате во продолжение на совршен начин ни ја доловуваат велигденската магија!

Почувствувајте ја велигденската магија преку овие цитати!

„Бог е љубов која го победи злото.“ – Папа Франциск

„Воскресението е сржта на нашите верувања како христијани. Без него нашата вера е бесмислена.“ – Џозеф Б. Виртлин

„Повторното појавување на светлината е исто како и опстанокот на душата.“ – Виктор Иго

„Блажени се оние кои веруваат, а не виделе.“ – Јован 20,29

„Тој го знае патот затоа што Тој е патот.“ – Џефри Р. Холанд

„Велигден е божји доказ дека животот во суштина е духовен и безвременски.“ – Чарлс М. Кроу

„Можете да ги искорнете сите цвеќиња, но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта.“ – Пабло Неруда

„Секогаш се тука цвеќињата за оние кои сакаат да ги видат.“ – Анри Матис

„Нека радоста на воскреснувањето нè издигне од осаменоста, слабоста и очајот и ни даде сила, убавина и среќа.“ – Флојд В. Томкинс

„Таму каде што цутат цвеќињата, таму цути и надежта.“ – Лејди Берд Џонсон

Откако ги прочитавте овие велигденски цитати, можеби ќе сакате да прочитате и зошто јајцето е симбол на Велигден.

Извор: countryliving.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар