Сè се сведува на една реченица: Дали знаете зошто јајцето е симбол на Велигден?

Јајцата се без сомнение неизбежен дел од велигденската традиција. Тие, меѓу другото, се дел од кошницата која верниците ја носат на благослов за време на големата сабота или рано од сабајле на Велигден, како и првото јадење во кое семејството тој ден ужива.

Во деновите пред Велигден јајцата се бојат и се декорираат, и токму оваа активност е длабоко вкоренета во македонската традиција. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто баш јајцата се симбол за Велигден? Целата приказна може да се сведе на само една реченица – новиот живот и верувањето дека Исус со воскреснувањето го започнал својот вечен живот.

Имено, јајцата отсекогаш симболизирале нов живот, раѓање, плодност, обилност и пролет. Дури и старите Египќани, Персијци, Грци и Римјани меѓусебно си дарувале јајца како симбол за новиот живот што почнувал по зимата. Оваа симболика на ново раѓање совршено се вклопила и со Велигден, кога Христијаните го слават Исусовото воскресение, односно новиот живот.

Погледнете ги и овие велигденски еднорози за незаборавни празнични денови.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар