За сите русокоси: Фризерите откриваат која нијанса е најлесна за одржување

Ако сте се одлучиле да ја осветлите косата оваа пролет, тогаш земете ја предвид оваа нијанса. Златната средина помеѓу светлокафената и русата боја се нарекува „нечиста руса“ и според фризерите таа е најлесна за одржување. Поради природниот изглед, таа важи и за една од најубавите нијанси на русата, што им стои убаво на сите жени.

Според славната фризерка Кија Врајт, сè што ви е потребно за да ја одржите оваа боја е виолетов шампон со сребрени честички што ќе ви помогне да не добиете портокалова нијанса со текот на времето. Оваа боја најлесно можете да ја добиете со помош на техниката на фарбање позната како балајаж, а самите можете да одлучите дали вашите прамени ќе бидат повеќе кафени или повеќе руси.

Прочитајте ги и овие 4 правила за нега за фарбаната коса секогаш да изгледа совршено.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар