4 правила за нега за фарбаната коса секогаш да изгледа совршено

Со промена на бојата на косата треба да се прилагодат и досегашните навики и рутини за нејзина нега. Во моментов постојат толку различни начини да се внесе промена во целокупниот изглед, а косата е само еден од нив. Без разлика дали ќе се одлучите за целосно менување на бојата, извлекување светли прамени или некоја од омбре или балајаж техниките, кога е во прашање негата, важно е да се прилагодите на новата ситуација.

4 правила за нега за фарбаната коса секогаш да изгледа совршено

Кога се менува бојата на косата, особено ако се осветлува, често може да се случи врвовите да изгледаат суво и безживотно. Поради тоа, треба да започнете од самите козметички производи.

1. Користете шампон без сулфати

Сулфатите се хемикалија која не е многу потребна за нега, особено кога е во прашање бојадисаната коса. Шампоните кои содржат сулфати побрзо ќе ја отстранат бојата, па ќе треба почесто да се фарбате одново. Изберете шампон со што помалку хемикалии, па дури и да не направи доволно пена, вашата коса ќе биде чиста и негувана.

2. Не ја мијте косата пречесто

Честото миење ги отстранува сите природни масла кои ги лачи темето на главата, а со кои природно се хидратизира влакното. Нивното измивање може да придонесе за пукање на влакната. Затоа, за одржување на бојата и здравјето на косата, препорачливо е миењето да биде застапено еднаш до два пати неделно и тоа доколку ја миете два пати, вториот пат користете помала количина шампон или пак, шампонирајте само еднаш.

4 правила за нега за фарбаната коса секогаш да изгледа совршено

3. Топлината е најголем непријател на фарбаната коса

Дополнителното стилизирање уште повеќе ја оштетува обоената коса. Обидете се што помалку да користите фен (доколку тоа е можно), пегли за коса, фигаро и други апарати со кои директно ја горите. Кога времето е топло, најдобро е да ја оставите природно да се исуши. Секогаш кога мора да користите апарати за стилизирање, нанесете и спреј за заштита од топлината.

4. Нанесете масло пред миењето

Неколку часа пред миењето или во текот на ноќта, по целата должина и на темето нанесете природно масло. Можете да користите кокосово, кое ја потхранува косата или рицинусово, кое го поттикнува растот и обновата. Исто така, можете да комбинирате и повеќе масла и самите да направите маска која ви одговара. Маслените третмани се одлични за фарбаната коса, па затоа е неопходно да ги вклучите во секојдневната нега.

Дознајте и колку навистина ја оштетувате косата со фарбањето?

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар