Колку навистина ја оштетувате косата со фарбање?

Секогаш кога сакате да направите некоја фризура, голема е веројатноста барем малку да ја оштетите косата. Пеглата и фенот многу лесно ја горат, а хемиското исправување или виткање ја прават косата сува. Но, овде спаѓаат и фарбите за коса. Ако постојано ја фарбате косата, или пак ако сакате да почнете, сега е одличен момент да научите што всушност ѝ прави фарбата на вашата коса.

1. Амонијакот ги отстранува кутикулите, а пероксидот ја уништува бојата

(1)kolku-vsushnost-ja-oshtetuvate-kosata-so-farbanje-kafepauza.mk

За фарбата да се „фати“ на вашата коса, потребно е да стигне до средината на влакното. За да го направи ова, амонијакот во фарбата ја отстранува кутикулата на влакното која е како еден вид заштита. Откако ќе ја отстрани, со помош на пероксид се уништува вашата природна боја. Пероксидот многу го суши влакното, па затоа фарбаната коса често изгледа како слама. Откако ќе ја измиете косата, кутикулата се враќа на влакното, но штетата веќе е направена.

2. Помалку штетните алтернативи не траат многу долго

(2)kolku-vsushnost-ja-oshtetuvate-kosata-so-farbanje-kafepauza.mk

Боите кои не се трајни помалку ја оштетуваат косата. Но, таа боја ќе трае многу кратко, и по неколку миења ќе избледи. Овие фарби не навлегуваат до центарот на влакното, па не ја променуваат вашата природна боја. Па, иако овие фарби не се толку штетни, луѓето кои ги користат изјавиле дека почесто ја фарбаат косата. Ова значи дека почесто се изложуваат на другите штетни материи кои се наоѓаат во неа. Многу компании почнаа да произведуваат фарби без амонијак, па користат состојки како етаноламин. Оваа состојка е поблага и не ја оштетува косата колку амонијакот. Но, таа нема да ви помогне доколку сакате посветла боја.

3. Штетата може да биде поголема од сува коса

(3)kolku-vsushnost-ja-oshtetuvate-kosata-so-farbanje-kafepauza.mk

Секој кој се фарбал, знае дека треба да бидете особено внимателни со свежо фарбана коса. Фарбите може да ја направат вашата коса ретка и кршлива ако претерате со хемискиот процес. За да го избегнете ова, редовно нанесувајте регенератор за коса и користете маски за коса пред и веднаш по фарбањето. Имајте предвид дека од корист ќе ви биде и кратењето на испуканите врвови. Подобро е да имате здрава и малку пократка коса отколку долга која е премногу сува и нездрава.

4. Состојките во фарбата му штетат на вашето здравје

(4)kolku-vsushnost-ja-oshtetuvate-kosata-so-farbanje-kafepauza.mk

Фарбите не ѝ штетат само на вашата коса. Темните трајни фарби многу често содржат состојки кои се поврзуваат со ракот. Сè уште не е научно докажано дека фарбите предизвикуваат рак, но постојат неколку истражувања кои покажале дека кај луѓето кои ја фарбаат косата малку почесто е забележана појавата на рак на мочниот меур.

Ако сепак одлучивте да се фарбате, имајте ги на ум алергиите. Иако ретко се случува некој да биде алергичен на фарбата за коса, најдобро е да се проверите. Секогаш кога пробувате нова фарба направете го алергискиот тест кој е објаснет на кутијата на фарбата. Уште подобро е ако го правите тестот пред секое фарбање.

Сепак, постојат и неколку природни начини за фарбање на косата кои можете да ги погледнете овде.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар