Треба да изгубите нешто добро во вашиот живот за да пораснете

Ние сме програмирани да се држиме до нештата што ги сакаме. Ова отсекогаш било така и најверојатно секогаш ќе биде. И колку повеќе имаме, толку повеќе се плашиме од губење. Колку повеќе ќе постигнеме, толку повнимателни сме кога станува збор за ризикување на сите овие достигнувања.

Ние не сакаме да ги изгубиме добрите нешта во нашиот живот и веруваме дека нашиот раст е постојано линеарен – една добра одлука води кон следната добра одлука, лесно и природно. Но, вистината е дека животот не секогаш функционира на тој начин.

Нашето растење е сè освен правопропорционално. Повеќето чекори кон напред се направени откако ќе зачекориме наназад. И без разлика на тоа што е скоро универзален закон да се држиме до нештата што ги сакаме, сепак, понекогаш, мора да изгубиме нешто добро за да пораснеме и продолжиме кон напред.

Ние не можеме да стигнеме до следната фаза од нашиот живот носејќи сè што имаме со нас. Ние не можеме да останеме безбедни и сигурни, додека истовремено растеме во поголема и похрабра верзија од нас. Вистината е дека неудобноста не е само несакана последица од растот, туку неопходност за него.

Без неудобност, ние немаме мотивација да го смениме нашиот живот. Без лишување, ние нема да создадеме потреба. И без разлика на тоа колку многу сакаме да останеме сигурни во нашето растење, тоа не е возможност.

Растењето излегува од борбата. Промената се раѓа од незадоволството. И понекогаш, со цел да ги пречекаме добрите нешта во животот, ние треба да се ослободиме од други добри нешта што го окупираат нивниот простор. Ние треба да се ослободиме од работата што само ни се допаѓа, со цел да најдеме работа што ќе ја обожаваме.

Мора да се ослободиме од врските во кои ни е навистина удобно, со цел да ги најдеме оние кои ќе нè предизвикуваат и ќе нè менуваат. Ние мора да се ослободиме од сигурноста за да најдеме нови можности. И мора да се ослободиме од гордоста за да најдеме исполнетост.

Со цел да најдеме големи нешта во нашиот живот, нешта коишто се способни да ни покажат кои сме навистина, која е нашата суштина, ние мора прво да бидеме согласни да се испразниме. Ние мора да бидеме подготвени да ја спуштиме нашата одбрана, да ја отфрлиме гордоста и да го прифатиме фактот дека тоа што доаѓа може да не биде удобно, но дека дефинитивно ќе вреди.

Погледнете ги и овие 5 здрави начини да бидете себични без да чувствувате вина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар