5 здрави начини да бидете себични без да чувствувате вина

Веројатно верувате дека е лошо да бидете себични, но сега е време да го промените тоа. Иако можеби не е учтиво да ги соберете сите ваши играчки и да не ги давате, или да добивате повеќе отколку што давате во врската, сама по себе, себичноста не ја заслужува лошата репутација што ја добила.

5 здрави начини да бидете себични без да чувствувате вина

Во општество што го охрабрува саможртвувањето на секој можен начин, себичноста мора да се врати на своите корења – вистински фокус кон самите себеси. Доколку одвоите време за да работите на љубовта кон себе, вие само ќе се подобрите себеси и вашите врски. Па зошто себичноста сè уште се смета за лоша? Доколку сметате дека сте изгубиле допир со себе, погледнете ги следниве 5 здрави начини на кои можете да бидете себични.

1. Научете вистински да се заблагодарите за комплиментите

Кога некој ќе ви даде искрен комплимент, тоа значи дека одвоил момент за да ја забележи ваша големина и да ви каже колку ве цени. Доколку им се спротивставувате на овие моменти така што се потценувате, без разлика дали поради ниска самодоверба или скромност, и вие и соговорникот нема да се чувствувате добро. Прифатете го почитувањето од другите, поседувајте ја вашата неверојатност и признајте го туѓото добро расудување.

2. Добро размислете пред целосно да се посветите на нешто

Сите чувствуваме бескраен притисок да започнеме врски и да се најдеме во ситуации кои не ни се допаѓаат. Кога треба да се посветите на нешто, без разлика дали проект од работа, семеен настан или патување со пријателите, би требало да сакате да вложите сè. Кога се согласувате за нешто само за да задоволите некого или за да бидете учтиви, не си правите добро.

Се разбира, животот бара некои неизбежни улоги и одговорности, но кога ќе имате поголема флексибилност во согласувањето со нешто, си правите добро.

3. Не ги гледајте спиењето, храната и релаксацијата како опциони

Во брзиот модерен свет, многу луѓе прескокнуваат оброци или се хранат нездраво поради околностите или заморот. Луѓето денес речиси и да не спијат поради лудите распореди и како да се убедени дека некои работи се поважни од одморот. Сите максимално ги исполнуваме будните часови, но изгледа како никогаш да не ги стигнуваме нашите цели. Најверојатно поради недостатокот од храна и спиење!

Кога го запоставувате здравјето, како можете да очекувате да постигнете нешто?

4. Кажете „Не“ без извинување

Да одбиете нешто бидејќи ви е страв или сте несигурни е едно, но да одбиете бидејќи не ви се прави нешто е сосема друго. Важно е да знаете дека доколку некој ве замолил да направите нешто, ќе цени ако директно му кажете дека не можете или не сакате. Дури и ако не го прифати одбивањето, вашиот одговор сè уште е валиден.

5. Правете повеќе нешта што сакате да ги првите

Ова е навистина едноставно. Се сеќавате кога имавте хобија кои сте ги правеле само затоа што ви причинувале задоволство? Овде може да спаѓа спортување, читање, медитирање, градинарство… Колку време поминало откако сте направиле нешто што сакате? Научете да ја правите забавата приоритет. Доколку го правите она што го сакате, останатото ќе следи. Обидете се, и ќе си бидете благодарни.

Доколку сепак сметате дека себичноста е лоша, погледнете ги причините зошто треба да бидете себични.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар