29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

Мачките се интересни, неверојатно слатки и можат да ви го одвлечат вниманието од што било. Но, што е она што ги прави толку посебни? Причината е нивниот карактер. Или пак можеби начинот на којшто предат додека ги галиме. Секој изговор е добар кога станува збор за обожување мачка. Во продолжение, погледнете неколку фасцинантни факти за најомиленото домашно милениче на речиси секој.

29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

1. Мачките можат да направат над 100 различни вокални звуци

За споредба, кучињата можат да направат само 10. Веројатно и вие ги имате забележано разните мјаукања, предења и звуци на мачките. Исто така, мачките имаат посебен звук кој го користат кога ќе видат плен во далечина.

2. Можат да го препознаат гласот на нивниот сопственик

Мачките можат да ги разликуваат гласовите на странците и на сопственикот. Но, во нивната 9000-годишна еволуција, тие отсекогаш биле со слободен дух и не го слушаат сопственикот.

3. Иако црните мачки се симбол за лоша среќа, тие нудат повеќе љубов

Во Англија, црните мачки се сметаат за одличен подарок за свадба. Во Франција, се верува дека имањето црна мачка носи добра среќа. Во Јапонија и другите азиски држави, чувањето црна мачка ве прави господар на вашата иднина.

4. Постојат 44 регистрирани раси на мачки ширум светот

Трите најпознати видови се персиска, мајне кун и сијамска мачка.

5. Првата мачка во вселената е од Франција

Во 1963-та година, мачката Фелисет била лансирана во вселената. Таа имала електроди во нејзиниот мозок кои испраќале сигнали до Земјата. За среќа, мачката била безбедно вратена од патувањето.

29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

6. Имаат почувствителен слух од кучињата и луѓето

Луѓето можат да слушаат од 20 Hz до 20 kHz. Кучињата можат да регистрираат звук и до 40 Hz. Мачките можат да слушаат фреквенции и до 64 kHz.

7. Брзина

Покрај добриот слух, мачките можат да достигнат брзина од 50 километри на час. Најбрзиот човек на светот, Јусеин Болт, може да трча со 45 километри на час.

8. Предењето е најосновната активност на мачките

Сепак, на научниците не им е целосно јасно како функционира ова. Повеќето ветеринари веруваат дека станува збор за вибрирање на гласните живи.

9. Мачките најчесто имаат од 1 до 9 малечки

Во 1970-та година, една мачка од Велика Британија родила 19 маченца, од кои 15 преживеале.

10. Мачките ни дават до знаење кој е главен

Доколку го оставаат изметот неоткриен, мачките се обидуваат да ви покажат кој е главен, особено ако има и други мачки во домот. Ова потекнува од нивните диви предци, кои ја обележувале територијата и на овој начин ја демонстрирале нивната моќ.

29 факти што докажуваат колку се неверојатни мачките

11. Мозокот на мачката повеќе наликува на човечкиот, за разлика од кучешкиот

Мозоците на мачките имаат набрана површина и структура како и нашите. Исто така тие имаат центри многу слични на нашите.

12. Првата мачка живеела пред 30 милиони години

Првиот праисториски роднина на мачката е познат како Proailurus lemanensis. Семејството домашни мачки се појавило пред 12 милиони години.

13. Најголемата мачка е сибирскиот тигар

Сибирскиот тигар може да има должина до 3,7 метри и да тежи до 318 килограми – колку мал автомобил. Најголемата мачка со педигре е мајне кун, која може да тежи и до 11 килограми.

14. Мачките мразат вода

Мачките не ја сакаат водата бидејќи нивното крзно не ги штити ефикасно. Но има еден вид од Централна Азија кој сака да плива.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар