Луксузна куќа на плажа за 100% релаксација

Оваа луксузна, фантастично дизајнирана, софистицирана куќа на плажа, е во сопственост на едно израелско семејство кое живее во странство, а престојува во неа кога доаѓа во посета на матичната земја.

Луксузна куќа на плажа за 100% релаксација

Фасцинантната модерна куќа која е целосно отворена кон тропската медитеранска плажа, е изградена од страна на архитектонската компанија Pitsou Kedem.

Луксузна куќа на плажа за 100% релаксација

Кога семејството и нивните гости пристигнуваат во релаксирачката куќа на плажа, прозорите кои се простираат од таванот до подот, ги повлекуваат сосема до ѕидот, што му дава на овој дом еден „отворен стил“, свежина и ведрина, која доаѓа од средоземното море.

Луксузна куќа на плажа за 100% релаксација

На само неколку чекори од морето, навистина е тешко да се најде подобро место на израелскиот брег од ова дизајнерско совршенство, во кое ќе отпатуваат сите ваши мисли и грижи некаде далеку.

Луксузна куќа на плажа за 100% релаксација

Убавината на ова парче уметност е токму во нејзината пространост и удобност. Ако израелското семејство преферира приватност и капење само со најблиските, може да ужива во луксузниот базен, на кој особен „шмек“ му даваат дрвените патеки.

Луксузна куќа на плажа за 100% релаксацијаЛуксузна куќа на плажа за 100% релаксацијаЛуксузна куќа на плажа за 100% релаксација

Ентериерот е светол и свеж, со модерен мебел, а самиот простор е јасно поделен на „забавен“ и „приватен“ дел. Помеѓу дворот и внатрешниот дел нема некоја строга граница, благодарение на „стаклените ѕидови“, кои во зависност од желбата на сопствениците можат да бидат отворени, затворени или покриени со ролетни.

Луксузна куќа на плажа за 100% релаксацијаЛуксузна куќа на плажа за 100% релаксацијаЛуксузна куќа на плажа за 100% релаксацијаЛуксузна куќа на плажа за 100% релаксацијаЛуксузна куќа на плажа за 100% релаксацијаЛуксузна куќа на плажа за 100% релаксација

Совршено место за бегање од секојдневието и обновување на вашата душа, нели?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. PERO Reply

    A FAKING LADOVA4A

  2. hahaha Reply

    izvinete, ama sto relaksacija ke bi bilo toa?? kukjava e prazna, temna, monotona, demek nesto luksuzi, ama sepak, skapo ne e sekogas i vistinsko… YOU GIVE LUXURY A BAD NAME!

Остави коментар