Денес може да биде ужасно, но утре ќе биде подобро

Вие можеби чувствувате дека денес е најлошиот ден од вашиот живот и ви се чини како ова да се најдолгите 24 часа што некогаш сте ги преживеале. Можеби денес ви беше зададен тежок тест, раскинавте со вашиот партнер, изгубивте пријател или некоја блиска личност, се здобивте со физичка повреда, доживеавте неуспех и уште многу други работи кои може да направат да се чувствувате исцрпени и навечер да заспиете со еден куп солзи.

Денес може да биде ужасно, но утре ќе биде подобро

Во такви моменти се чувствувате како да не можете да се движите, како рацете и нозете да ви се врзани со тешки синџири, а на срцето ви е насобрана толкава тежина што дури не можете ни да дишете. Тогаш се чувствувате дека не можете да најдете ни среќа, ни мотивација, ни сила каква што сте имале во минатото. Наместо тоа, сега чувствувате само празнина.

Но, животот е таков. Понекогаш задава удари и ве става на места каде што веќе не знаете кои сте. Сепак обидете се да ја видите светлината. Денес е само еден ден, само 24 часа, па откако ќе изминат, вие ќе имате нови можности пред себе. Можеби денес ќе биде долг ден, поразителен и напорен за вас, кој ќе ве остави без насока и без надеж. Но, ќе помине. Доаѓа нов ден, па како што заоѓа сонцето, ќе исчезне и болката и немирот. Со зората ќе дојде нова шанса. Шанса да ги поправите проблемите од минатото, да ги обновите местата кои се срушени. Шанса да започнете одново. Шанса да се лекувате.

Денес може да биде најтешкиот ден во вашиот живот, но тој ден не трае засекогаш. Денес ќе престане да постои и еден ден, понатаму, сè што поминавте во текот на овие 24 часа ќе остане само далечен спомен. Никогаш нема целосно да го заборавите тој ден, затоа што на некој начин сепак ќе остави трага во вашиот живот, но вие не можете вечно да бидете силно поврзани со овие случувања. Не можете постојано со себе да ги носите тие 24 часа кои неизбежно ќе ве водат кон пораз. Учете од денешниот ден, за утре да можете да станете посилни и помоќни личности.

Мора да ги научите животните лекции од она што ве повредило, доколку сакате да се движите напред. Претворете го злото во добрина и погледнете кон иднината со свежи очи. Денес е денес, но наскоро ќе биде вчера, па пред два дена, па пред една недела… а потоа тој ден ќе остане зад вас, оддалечен неколку месеци или години. Оставете го денешниот ден во минатото и зачекорете со похрабри чекори кон посветлата иднина. Заслужувате да бидете излекувани!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар