Крвната група го открива женскиот темперамент

Кога станува збор за темпераментот, често се подразбира сплет на психолошки карактеристики: Длабочина и стабилност на емоциите, енергични постапки, индивидуални особини на однесување и слично. Постојат многу пристапи и методи за решавање на ова прашање. Јапонците и Корејците, на пример, се придржуваат до теорија која ги поврзува особините на човекот со неговата крвна група. Па, доколку сакате и вие да дознаете нешто повеќе за себе, во продолжение прочитајте ја анализата на вашиот карактер според вашата крвна група.

Крвната група го крие женскиот темперамент: Погледнете какви особини имате според тоа која крвна група сте

Крвна група 0

Жените од оваа крвна група се прилично себични. Во однос на мажите тие се пољубоморни и пострасни. Овие жени се доминантни и силни личности и се обидуваат во сѐ да ги контролираат своите избраници, така што мажот кој ќе се обиде да ги изневери, тешко ќе може да ги оствари своите намери. Овие жени кон мирните и слаби партнери брзо стануваат рамнодушни. Вреди да се напомени дека помеѓу успешните деловни жени и познатите личности, доминираат токму жени со оваа крвна група. Од своите партнери очекуваат среќа, задоволство и нежност. Како сопруги владеат од позадина и често активно учествуваат во изградба на кариерата на нивниот сопруг. Како мајки, кон децата се поставуваат пријателски, а своите амбиции ги остваруваат и преку сопругот и преку децата.

Крвна група А

Оваа крвна група е карактеристична за жените кои се одликуваат со трпение и смиреност. Многу често за нив е присутно мислење дека се несебични, дружељубиви и многу дисциплинирани. Пред сѐ, овие жени ја ценат уредноста и удобноста. Секогаш се стремат за решавање на проблемите без конфликти. Но, сепак, жените со оваа крвна група се многу тврдоглави и понекогаш нервозни. Често себеси се доживуваат како потчинети, а во љубовните односи се многу срамежливи. Тие го почитуваат својот партнер и неговите квалитети. Сепак, поради нивната емотивна и чувствителна природа, тие ќе ги откријат своите чувства дури кога ќе бидат целосно сигурни дека нема да бидат изневерени и повредени. Како сопруги, тие се идеални. Жените со крвна група А се мајки кои внимаваат и ги поддржуваат своите деца, но и многу бараат од нив.

Крвната група го крие женскиот темперамент: Погледнете какви особини имате според тоа која крвна група сте

Крвна група Б

Овие жени се одликуваат со флексибилност на нивниот карактер: Тие одлично се справуваат со осаменоста, но во голема група луѓе се чувствуваат како риби во вода. За разлика од првите две групи, тие не сакаат ниту да бидат водачи, ниту потчинети. Но, знаат многу добро да извлечат корист од различни ситуации, притоа чувајќи ја својата независност. Таквите жени одлично се снаоѓаат во друштво. Сакаат флерт, па имаат многу пријатели од спротивниот пол. Во љубовта очекуваат нежност и задоволство, среќа и верност, како и постојано внимание од својот избраник. Во односите со нивниот партнер тие бараат многу и затоа тешко се одлучуваат да стапат во брак. Инаку, кога стапуваат во брак и стануваат мајки, тие се многу лојални и посветени.

Крвна група АБ

Претставниците на оваа група се многу чувствителни и урамнотежени личности. Тие се многу тактични, пристојни и чесни. Така, овие дами многу тешко донесуваат какви било одлуки. Тие често се сакани, а што се однесува до љубовните односи, многу се искрени. Ваквите жени го обожаваат машкиот авантуристички дух, меѓутоа, уживаат во љубовта само додека имаат можност да останат мистични. Како мајки, тие се многу попустливи кон децата и не бараат многу. Успешно наоѓаат мерка во тоа колку можат да бидат пријатели со своите деца.

Откријте и дали ќе имате деца со вашиот партнер и како ќе се согласувате со него, врз основа на вашите крвни групи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар