5-те најголеми тајни што интровертите никогаш нема да ви ги кажат

Постојат многу стереотипи и предрасуди за интровертните луѓе. Генералното мислење за нив е дека тие се премногу чувствителни, срамежливи и несоцијални. Токму затоа тие честопати не остануваат доследни на сопствените желби и потреби и прифаќаат некои работи само за да се вклопат во општеството. Време е да престанете да го криете вашето вистинско лице и да почнете да бидете она што сте без разлика што ќе кажат другите, бидејќи вие сте прекрасни личности! Ова се 5-те најголеми тајни што интровертите ги кријат за да бидат полесно прифатени…

5-те најголеми тајни што интровертите никогаш нема да ви ги кажат

1. Не им е грижа за роденденските забави

Интровертите обично кријат дека им е роденден на Фејсбук за никој да не може да им честита. Тие не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Интровертите ги мразат нивните лицемерни колеги кои им прозборуваат само на денот на нивниот роденден, а најлошиот момент е кога нивното семејство ќе им го соопшти роденденот на сите блиски и далечни роднини. Тие не сакаат кога нивните пријатели ги форсираат да го прослават роденденот и очекуваат од нив да се радуваат за тоа што се една година постари. Ако веќе мораат да го прослават некако роденденот, ќе се одлучат за опуштен собир со најблиските во домашна атмосфера.

2. Не сакаат да зборуваат за времето

Дали ги одбегнувате зборлестите соседи кога ќе ги видите во продавница, бидејќи не сакате да правите празни муабети? Интровертите мразат празни муабети, но тоа не значи дека мразат луѓе! Тие само не сакаат лицемерни и бесмислени разговори. Целта на дискусиите за времето е да се одбегне тишината, а не можете да научите ништо ново, ниту пак да се зближите со вашиот соговорник. Според интровертите, тишината не треба да се нарушува доколку нема што паметно да се каже.

3. Не сакаат гужви

Интровертите се ужасуваат од преполните места дури и кога се со луѓе што ги знаат. Тие ќе дадат сѐ од себе за да се забавуваат, но ќе инсистираат да бидат што е можно поблиску до излезот. Интровертите не сакаат кога се опкружени со луѓе од сите страни. Тоа не им е воопшто интересно, туку напорно. Сепак, тие доаѓаат со вас во дискотеките со многу луѓе и ги слушаат вашите приказни бидејќи по природа се емпатични и слушањето им го намалува стресот предизвикан од гужвата.

5-те најголеми тајни што интровертите никогаш нема да ви ги кажат

4. Не сакаат настани на кои ќе треба да запознаваат нови луѓе

Дали ви се случило да влезете во просторија полна со луѓе и да зјапате некаде во далечина? Потоа го проверувате телефонот, си земате пијалак, па потоа си земате уште еден пијалак и одите до тоалет. Ги повторувате овие чекори неколку пати и потоа се повлекувате во некој агол каде се дружите со најпријателски настроеното растение. Ви звучи познато?

Запознавањето нови луѓе е застрашувачко за интровертите, затоа што екстровертите се многу гласни и раздвижени. Но, тоа не значи дека интровертите не знаат како да стекнат нови контакти. Тие се многу подобри од екстровертите по тоа прашање бидејќи знаат да слушаат и се интересираат за другите луѓе. Токму затоа, тие претпочитаат да дојдат порано на настанот и да се запознаат со првите луѓе таму, пред да се направи гужва и да се формираат групи. Ако им стане непријатно во текот на разговорот, тие се извинуваат и велат дека мора да одат до тоалет, се насмевнуваат и нагласуваат дека би сакале да останат во контакт со соговорникот. Потоа си заминуваат.

5. Интровертите се најдобри лидери

Интровертите размислуваат два пати пред да кажат нешто. Тие многу внимателно ги слушаат туѓите коментари и прават длабока анализа пред да одговорат на нив. Тие учат преку слушањето, а не преку зборувањето. Според едно истражување спроведено од страна на Франческа Џино, професор на школата за бизнис во Харвард, тивките шефови со активни тимови можат да бидат многу успешни, бидејќи интровертните лидери внимателно ги слушаат нивните следбеници.

Доколку се сметате за интроверти, немојте да ги чувате овие тајни. Не дозволувајте туѓото мислење да влијае на вас. Не двоумете се дали да ги споделите вашите мисли и ставови. Вие поседувате многу квалитети и тоа треба да му го покажете на целиот свет.

Дали се сметате за екстроверти? Овие 15 знаци ќе ви покажат дека сте интроверти иако не се чувствувате така.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар