Поучна приказна што ќе ви ги отвори очите: Разликата меѓу совршеноста и несовршеноста

Поучна приказна што ќе ви ги отвори очите: Разликата меѓу совршеноста и несовршеноста

Еднаш одамна постоеле два бунара кои се наоѓале на меѓусебна оддалеченост од десетици метри. Понекогаш тие се погледнувале, но биле многу различни, па не разговарале.

Поучна приказна за два бунари

Првиот бунар бил совршен, а другиот малку напукнат. Првиот ја задржувал водата, а другиот не. Првиот бил чист и понекогаш му се приближувал некој инсект или птица, но тоа ретко се случувало. Сепак, иако бил осамен, тој се гордеел со својата совршеност. Вториот бил опкружен со трева и грмушки. Околу него се собирале бројни инсекти и птици кои пиеле вода од неговите пукнатини. Не бил совршен, но бил многу среќен бидејќи постојано бил опколен со живи суштества.

Поука: Имаме потреба да веруваме во совршенство, но треба да имаме и храброст да бидеме несовршени. Живееме во свет во кој совршеноста се поврзува со поимите „први“, „моќни“, „во центарот на вниманието“… Оној кој ги шири своите раце најчесто нема голема кариера, ниту е посебно успешен, но се среќава со многу луѓе кои може да ги прегрне.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар