Колоритна експлозија од мастило и вода

Уметниците умеат да пронајдат убавина и на најчудните места. Така и фотографот Марк Мосен тврди дека убавината ја пронашол додека си исипувал млеко во неговото кафе и оттаму произлегла инспирацијата за овие фантастични фотографии од мастила капнати во вода.

Колоритна експлозија од мастило и вода

Креативниот четириесет и двегодишен уметник прави фотографии уште од својата дваесет и двегодишна возраст, но неодамна ја смислил оваа интересна техника, која го привлекува човечкото око. Марк, чија специјалност е фотографирање сцени и луѓе под вода, за серијава т.н. „Aqueous Fluoreau“ едноставно зема неколку мастила во различна боја и капнува од нив во сад со вода, кој го осветлува со трепкаво светло и потоа го фотографира набрзина добиениот уметнички резултат. Разликата во густината на течностите, создава неверојатно интересни форми.

Колоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и вода

Кога ја прави фотографијата, Мар мора да биде многу брз, бидејќи колоритните облици се менуваат за дел од секунда.

Тоа е напорен процес, кој констатирам дека се исплател кога ќе ги погледнам сликите.

Колоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и вода

„Најголемо задоволство ми причинува кога гледам како други луѓе уживаат во мојата работа. На повеќето им се допаѓа и кај различни луѓе, предизвикува различни чувства. Секој човек гледа различни работи во моите фотографии, на ист начин како што гледаме лица или разни сцени ако се загледаме подолго во облаците на небото.“

Колоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и вода

Марк фотографира од кога имал само 8 години, а со оваа техника за прв пат експериментирал пред шест години.

Ги обожавам резултатите. Ме тераат да се насмевнам.“

Колоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и водаКолоритна експлозија од мастило и вода


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Lale Reply

    Fantastichno…unikatni fotografii koi zachuvale del od sekunda na nepovtorliva umetnost! :)

Остави коментар