Мајмун црта уметнички дела кои вредат 400 долари

Мајмун црта уметнички дела кои вредат 400 долари

Автор: Весна Јовановска

Покетс Ворхол е мајмун кој слика апстрактни дела вредни стотици долари. Сликите ги изработува со неговата опашка, раце и нозе, а понекогаш користи дури и четка за сликање.Мајмун слика уметнички дела кои вредат 400 долариНеколку од неговите дела се продадени по околу 400 долари. Мајмунот Ворхол, веќе две години живее во засолништето за примати „Story Book“ во Канада, но со уметноста се дружи од пред една година, кога еден од волонтерите со цел да го анимира, му дал нетоксични бои за деца. Мајмун слика уметнички дела кои вредат 400 долариПонекогаш наместо да слика, тој преферира да ги изеде боите. Името го добил по американскиот сликар и лидер на поп-арт движењето Енди Ворхол, но не заради стилот на изразување, туку заради неговата бујна и дива бела коса. Волонтерите во засолништето се шегуваат дека иако го нарекле Ворхол, сепак неговата уметност е повеќе во стилот на Џексон Полок.Мајмун слика уметнички дела кои вредат 400 долариМајмун слика уметнички дела кои вредат 400 долари Покрај од Канада, за делата на овој несекојдневен мајмун интерес пројавиле љубители на уметноста од Израел и од некои европски земји. Уметноста на Ворхол ја нарекуваат апстрактна, експериментална и разнобојна. Мајмун слика уметнички дела кои вредат 400 долариПарите што ги заработува од продажбата на неговите слики ќе бидат наменети за изградба на нова штала во засолништето во Канада. Овој талентиран мајмун има и уметничко шоу. Четириесет од неговите дела ќе бидат изложени во Торонто во наредните два месеца.Мајмун слика уметнички дела кои вредат 400 долари

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар