Најново истражување покажало колку литри вода треба да пиете секојдневно!

Најново истражување покажало колку литри вода треба да пиете секојдневно!

Добро познато правило е дека треба да пиете два литри вода дневно. Но, најновата студија ја побива оваа препорака. Па, затоа, колку вода навистина треба да се внесува дневно?

Најново истражување покажало колку литри вода треба да пиете секојдневно!

Факт е дека е пожелно редовно да се внесува течност во нашето тело. Едно американско истражување покажало дека луѓето кои пијат премалку течности имаат 20 проценти поголеми шанси да умрат предвреме.

Сепак, правилото за консумирање два литри вода дневно се чини дека веќе не е релевантно и не е научно засновано според еден од авторите на најновото истражување.

Според научникот, наметнувањето на навиката за консумирање два литри вода дневно е резултат на успешните маркетинг стратегии на големите производители.

Едно ново истражување докажало дека луѓето имаат различни потреби за вода. Така, според ова истражување повеќето луѓе треба да пијат помеѓу 1,5 и 1,8 литри вода на дневна основа.

Научниците наведуваат дека тоа е така затоа што луѓето кои се хранат здраво покриваат до 50 проценти од потребите за вода со храна. Дополнително, поради различната индивидуална потрошувачка на енергија е потешко се даде општа препорака за дневните потреби за вода.

Жените на возраст од 20 до 40 години можат да консумираат околу 3,3 литри вода секој ден.

Мажите на возраст од 20 до 35 години можат да пијат до 4,2 литри дневно.

Луѓето кои вежбаат, пак, треба да пијат околу литар вода повеќе од просекот на дневна основа.

Откако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и дали е пожелно да се пие вода за време на тренинг.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар