Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа

Овој иновативен кауч, осмислен од страна на францускиот дизајнер Даниел Пузе за компанијата за мебел „Dedon’s Island Resort“, е одлична и удобна крошна која благодарение на добриот систем, може да се користи како кауч кој се лула. Совршен за да виси на терасата, да се постави на верандата, па дури и да се користи внатре во куќата, уникатниот концепт создава впечаток како да лебдите во воздух, што го прави фантастично парче мебел за излежување и релаксација.

Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа

Дизајнот е сочинет од алуминиумска рамка прекриена со ткаенина, масичка чиј горен дел се ротира за 180 степени и специјално изработени јажиња. Кога е нареден со перници, овој едноставен кауч изгледа како неодоливо спокојно место за дремка. Доаѓа во комплет со опционална завеса, која создава сенка и ви овозможува приватност, но истовремено низ неа можете да гледате кон надвор. Идеален е за одмор, нели?! :)

Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа Кауч кој се лула и овозможува врвна релаксација во природа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар