Како да го претворите вашиот хрчак во сирена, принцеза или кловн?

На овие интересни фотографии гледаме малечко, слатко хрчаче како го вади главчето низ исечена дупка на картонска кутија и се претвора во нешто друго. Артистката Џени која стои зад овие креативни цртежи, е илустраторка која сака да креира 3Д уметност комбинирајќи различни медиуми. Неодамна, нејзината ќерка решила дека сака да го облече нивното милениче, хрчакот Дејвид Боуви, во облека за кукли.

Како да го претворите вашиот хрчак во сирена, принцеза или кловн?

Знаејќи дека облекувањето на брзиот, плашлив глодар ќе биде речиси невозможно, креативната мајка ги осмислила овие смешни картонски креации и му дозволила на Дејвид Боуви да ги истражува како што му одговара. Во моментот кога неговото слатко розово носе и малечки очиња ќе се појават низ отворот, хрчакот се претвора во летечка мачка, разнобоен кловн, сирена, па дури и принцеза.

Како да го претворите вашиот хрчак во сирена, принцеза или кловн?

Доколку некој од вас се загрижи за безбедноста на слаткиот хрчак, Џени тврди дека Дејвид Боуви бил внимателно згрижен во текот на целиот креативен процес. Боите се нетоксични и хрчакот се забавувал, вадејќи ја главата низ дупката, а кога ќе му станало досадно, набрзо бил ваден од кутијата.

Како да го претворите вашиот хрчак во сирена, принцеза или кловн? Како да го претворите вашиот хрчак во сирена, принцеза или кловн? Како да го претворите вашиот хрчак во сирена, принцеза или кловн?

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар