Драматични снежни пејзажи со медитативна моќ

„Бела тишина“ е занесна серија црно-бели фотографии направена од страна на фотографот Василис Тангоулис. Во секоја од овие неверојатни фотографии може да се пронајде момент на мир и тишина.

Грчкиот фотограф користел филтри за неутрална густина за да може да ја долови драматичната длабочина на овие визуелно впечатливи пејзажи. Елегантноста која извира од недопрениот снег им дозволува на гледачите да влетаат во тивките сцени и да се изгубат во белата околината. Преку одлично изработените фотографии со медитативни моменти, Тангоулис им овозможува на гледачите инстантно да стапат во хармонија со природата.

Според неговото био, „неговата фотографска визија најдобро може да се опише како фотографирање на времето во свет каде што ‘сегашноста’ е само бесконечно мал дел од времето, краткотрајна илузија која ги раздвојува скоро бесконечните минато и иднина. “

Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи Медитативни моменти кои се наоѓаат во драматични пејсажи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар