Киклот – вежбајте со стил

Ако вашиот работен ден се базира претежно на седење пред некој дигитален уред, тогаш сигурно барем еднаш во вашиот работен век имате почувствувано болка во грбот. За да се избегне тоа, веројатно многупати сте прочитале дека треба да правите кратки паузи со движење или во идеални услови, кратко вежбање на целото тело. Проблемот, сепак, е тоа што опремата за вежбање најчесто е гломазна и невкусно дизајнирана за да се стави во вашата канцеларија, па дури и во вашиот дом.

Но, 31-годишниот дизајнер од Италија, Лука Счиепати, мисли поинаку, а и ние потполно се согласуваме со него. Станува збор за неверојатниот велосипед за вежбање – Киклот.
(1) Киклот - вежбајте со стилВелосипедот е направен од карбон, челик и специјални стаклени влакна за полесно обликување. Киклот доаѓа во 3 бои: комплетно карбон, сребрена и виолетова.

Постои само еден „мал“ проблем со него – неговата цена. Чини… чекајте… чекајте… 8.300 евра. Тоа е блиску до цената на некој солиден нов автомобил.(2) Киклот - вежбајте со стил(3) Киклот - вежбајте со стил(4) Киклот - вежбајте со стил(5) Киклот - вежбајте со стил(6) Киклот - вежбајте со стил

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар