Најголемите разлики помеѓу несигурните жени и оние со висока самодоверба

Дали ги доживувате емоциите како слабост? Дали се обидувате да ја скриете ранливоста? Колку сте отворени додека го барате тоа што ви е потребно? Дали сте одмаздољубиви? Дали сте способни да опростите? Колку сте среќни, а колку несреќни? Одговорите на овие прашања најмногу зависат од вашата сигурност во себе. Па, кои се најголемите разлики помеѓу несигурните жени и оние кои имаат висока самодоверба?

Најголемите разлики помеѓу несигурните жени и оние со висока самодоверба

Емоциите ве плашат или ве радуваат?

Несигурната жена се плаши од своите емоции, додека пак онаа која е сигурна во себе се чувствува пожива кога е под нивно влијание. Жените со висока самодоверба знаат дека ништо во животот не е сигурно и затоа уживаат во неизвесноста. Кога станува збор за емотивната интеракција, сигурните жените многу полесно можат да ја препознаат машката несигурност за разлика од оние кои и самите се двоумат во себе. Па, во која категорија спаѓате вие?

Се повлекувате или го барате она кое ви е потребно?

Несигурните жени се повлекуваат во себе и се обидуваат да ги изедначат силите според принципот „ти мене – јас тебе“. Ако тој ги игнорира и тие ќе го игнорираат него. За разлика од нив, оние со висока самодоверба се борат за своите потреби, ризикувајќи да бидат отворено отфрлени со цел да знаат точно што се случува. Несигурните жени повеќе сакаат да се лажат и да избегнуваат соочувања, додека сигурните не губат време за оние нешта кои немаат позитивен исход.

Се одмаздувате или знаете да опростите?

Несигурните жени се лути, збунети и фрустрирани кога ќе сфатат дека нивните емоции не се возвратени, па затоа и често сакаат да се одмаздат. Од друга страна, сигурните жени знаат како да им опростат на оние кои ги повредиле бидејќи знаат дека тоа е единствениот начин да продолжат понатаму со својот живот.

Се затворате во себе или знаете да покажете ранливост?

Доколку глумите рамнодушност, како ништо да не допира до вас, тогаш вие се обидувате да го заштитите вашето его. Жените со висока самодоверба сакаат да се отворат целосно пред својот партнер бидејќи имаат желба да се предадат на своите емоции. Тие знаат дека отворените срца полесно заздравуваат во случај да бидат повредени.

Беснеете или тагувате?

Несигурноста може да доведе до разлутување бидејќи многу е полесно доколку се префрли одговорноста за тоа што се случило на некој друг. Вие истовремено сте бесни и на онаа личност која ве повредила, но и на себе бидејќи сметате дека сте постапиле глупаво. Но, тоа не е вистина и жените со висока самодоверба го знаат тоа. Токму затоа и тие тагуваат за тоа што се случило, но потоа ги бришат своите солзи и продолжуваат понатаму.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар