Блескави бои во вашиот дом

Белите соби се комплетно прилагодливи за да создадат модерно и софистицирано чувство на спокојност или да направат забавен и уметнички удар врз енергијата на просторот со помошта на блесокот на боите.

Собите прикажани подолу, се декорирани со платна или предмети во шарени бои кои ја разбиваат монотоноста на белината и создаваат една прекрасна целина којa секој би ја посакал. Овој едноставен и чист стил е многу популарен во Северна Европа, па може да претпоставиме дека сите домови во Норвешка или Финска би изгледале така.

  • Во оваа соба шареното ќебе помага да се дефинира просторот, бидејќи, како што може да се забележи, нема јасна граница меѓу ѕидовите и подот.

Блескави бои во вашиот дом

  • Тука, основните додатоци како книгите и гроздот од часовници го даваат целото шаренило кое и е потребно на собата.

Блескави бои во вашиот дом

  • Зафрлените перничиња со силна боја и завесите ви го задржуваат вниманието, но секако се одржува и една јасност во просторијата која е овозможена од самата бела позадина.

Блескави бои во вашиот до

  • Колку креативен и педантен начин да ги организирате вашите шарени моливчиња како прекрасен ѕиден украс.

Блескави бои во вашиот дом

  • Во фокусот тука ни е плисокот на жолта боја, но исто така се воспоставува и баланс со останатите шарени објекти на подот.

Блескави бои во вашиот дом

  • Сината и портокаловата боја и даваат акцент на оваа соба, при што подот, фотелјата за одмор, прекривката на креветот и сликата на ѕидот совршено се усогласени.

Блескави бои во вашиот дом

  • Прекрасната кујна има кабини во боите на виножитото кои секое утро ќе внесуваат ведрина и ќе ве будат насмеани.

Блескави бои во вашиот дом

  • И покрај тоа што ова парче мебел навидум изгледа како шарен креденец, тоа во суштина е тоалетна комода составена од посебни сегменти во боја, кои можете да ги менувате по ваша желба.

Блескави бои во вашиот дом

  • Едноставната полица со шарените книги распоредени по неа е дел од мебелот во собата.

Блескави бои во вашиот дом

  • Во бела соба, сè што не е бело веднаш „паѓа во очи“ и токму тоа му дава свежина на просторот, без разлика на големината, формата и материјалот од кој е изработен делот од ентериерот кој е во друга боја.

Блескави бои во вашиот дом

  • Овие шарени коцки би ви го привлекле вниманието, притоа терајќи ве да го вперите погледот кон големите прозори покрај нив, од кои имате видик кон прекрасниот град.

Блескави бои во вашиот дом

Наш предлог се и неколкуте идеи за дотерување на детските соби.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар