Бајките на дланка

Креативната Русинка Светлана Колосова направила серија фотографии од колоритни сцени од приказните кои ги насликала на нејзината лева рака. Таа отсекогаш имала страст кон литературата и сликањето, а нејзин омилен поет е Сергеј Есенин, кој го портретирала на една од овие слики на дланка. Омилен писател пак ѝ е Ханс Кристијан Андерсен, кој ја инспирирал за сликите со малата сирена. Всушност самиот нејзин боди арт е инспириран од големиот дански писател.

Нејзините слики се детални, внимателно ги следат и покриваат линиите на раката, па гледајќи ги можете да заборавите дека тие не се насликани на платно. Живописните и колоритни сцени од бајките, ќе ви создадат топло чувство околу срцето и ќе ве потсетат на детските денови и на приказните во кои безгрижно тоневте.

Бајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланкаБајките на дланка


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар