Водич за фаќање дечко: 30 чекори за да го пронајдете за 30 дена

Зголемете го својот сексапил и дознајте кога, каде и како да си најдете момче за само еден месец.

1-vodich-za-fakjanje-dechko-30-chekori-za-da-go-pronajdete-za-30-dena-kafepauza.mk

Прва недела

1. Прашајте ги пријателите дали имаат некој сингл пријател. Иако таквата отвореност може да ви делува чудно, барем ќе бидете сигурни дека нема да ви препорачуваат лоши момци кои не се за вас.

2. Прифатете ја мантрата „немам што да изгубам“. Иако оваа изрека е клише, сетете се дека храбрите девојки секогаш ги добиваат најдобрите момци.

3. Вашиот поглед е клуч за сè. Нежно наведнете ја главата настрана, погледнете нагоре и истовремено пуштете сензуална насмевка. Овој потег на момците им покажува дека е во ред да ви пријдат. Верувајте, успева!

4. Машките се плашат од големи женски друштва, затоа кога излегувате во кафуле, појдете заедно со најмногу две пријателки. Кога ќе здогледате момче што ви се допаѓа, издвојте се од другарките и разгледајте наоколу. Кога ќе влезе во вашиот видокруг, упатете му го „оној“ поглед. На тој начин како да сте го повикале да ви пријде.

5. Со заводлив говор на телото подарете му насмевка на секој добар тип кој ќе пројде.

6. Во теретана одете малку порано, пред гужвата, за да фатите добро место покрај згодно момче од кое подоцна можете да побарате стручен совет.

7. Кога колегите и соработниците ви праќаат покани за дружење после работа или за вечерни забави, слободно одговорете потврдно.

2-vodich-za-fakjanje-dechko-30-chekori-za-da-go-pronajdete-za-30-dena-kafepauza.mk

Втора недела

8. Наместо да ручате во затворен простор, прошетајте низ центарот на градот. Кога ќе забележите згодно момче во некое кафуле или на клупа во паркот, седнете близу до него и спонтано започнете некој неврзан муабет, на пример за храната.

9. Зачленете се во некоја група каде што ќе можете директно да се среќавате со момци, во некој спортски клуб или во невладина организација.

10. Не го барајте бившиот на Фејсбук за да видите што се случува со него. Наместо тоа, побарајте ги момците во кои сте биде заљубени во средно. Испратете им порака дека случајно ви се појавиле преку заеднички пријатели и дека не ви се верува колку се промениле, секако на подобро.

11. Флертувајте со минимум три лика на места на кои тоа порано не сте го правеле. Сврзете збор-два со соседот во лифтот или направете муабет со шанкерот во барот. Ова е одлична вежба за вашите флертувачки вештини.

12. Досега би требало веќе да имате добиено неколку одговори од пријателите кои се обидуваат да ви наместат момче. Речете им слободно да им го дадат бројот на одредени момци за кои би можеле да бидете заинтересирани.

13. Ви текнува на момчето од теретана? Следниот пат кога ќе наидете на него, речете му: Еј, како си?, како да сте стари пријатели. Истражувачите докажале дека луѓето повеќе ги привлекуваат оние кои се однесуваат фамилијарно со нив.

14. Во голем период од годината парковите и теретаните се полни со момци кои се занимаваат со спорт. Ако возите со велосипед, прашајте некое згодно момче за добра патека бидејќи не ви е познат регионот. Можно е да ги добиете насоките, но и неговото друштво.

3-vodich-za-fakjanje-dechko-30-chekori-za-da-go-pronajdete-za-30-dena-kafepauza.mk

Трета недела

15. Ако сте запознале кул момче во организацијата во која волонотирате и имате листа со телефонските броеви, јавете му се за да го прашате кога повторно ќе има средба на членството.

16. Излегувајте и во работни денови. Тоа ќе ви помогне да остварите подобра конекција со момците кои навистина ви се допаѓаат, бидејќи тогаш кафулињата обично не се преполни со народ како за време на викендите.

17. После неколку дена би требало веќе да имате одговор од некои од момците од вашето минато. Ако е така, на некој од нив предложете му да се најдете на кафе.

18. Било да сте во локално кафуле или на натпревар, поставете се близу до слаткиот тип и неговиот другар. Кога ќе чуете нешто познато, вклучете им се во муабет: Еј, случајно слушнав, и јас сум од таа населба. Не се сеќавам дека сум ве видела. Да не живете од скоро таму? Како ви се чини натпреваров?

19. Направете коктел забава и поканете неколку пријатели. Речете им на сите гости да понесат по една личност која не ја познавате. Без разлика дали некој ќе ви се допадне или не, ќе го проширите вашиот друштвен круг, бидејќи ако ништо друго, секој од нив познава други луѓе кои можат да бидат кандидати за момче за вас.

20. На пат накај дома, навратете некаде каде што никогаш не сте биле, на пример во некое новоотворено кафуле. Полесно е да излезете од комфорната зона и да направите еден чекор во непозната средина.

21. Ставајте тагови на сите нови пријатели со кои се сликавте претходната вечер. Вашите забавни описи на сликите ќе ги потсетат да ве држат на радар и ќе отвори можност за нови познанства.

22. Организирајте „happy hour“ со згодниот колега и договорете се да земете неколку пријатели. Колегите понекогаш зборуваат и за работи за кои не се зборува на работното место.

23. „Случајно“ налетајте на секси момче во продавница. Тоа е автоматски стартер на разговор (некој прв ќе мора да се извини) и физички контакт кој познанството го прави поинтимно.

4-vodich-za-fakjanje-dechko-30-chekori-za-da-go-pronajdete-za-30-dena-kafepauza.mk

Четврта недела

24. Полека стигнуваме до завршната фаза. Без разлика колку застрашувачки може да изгледаат следните неколку идеи, обидете се да ја разбудите вашата внатрешна рок дива. Вечерва излезете во град на свирка на некој локален бенд. Ако нема згодни момци во околината, секогаш можете да почнете разговор со гитаристот за време на паузите.

25. Привлечете го вниманието на некое момче со храбар потег. Пуштете му пијачка или помфрит.

26. Влезете во машка продавница, земете некоја убава кошула, а потоа прашајте го присутното згодно момче што мисли за изборот, бидејќи на вашиот брат му се ближи роденденот, па сакате да му купите нешто што навистина ќе му се допадне.

27. Веќе постанавте вистински професионалец кога е флертот во прашање. Чекор понатаму – време е на еден од сите кандидати да му го дадете својот телефонски број.

28. Предизвикајте се себеси и дајте му визитка на некој секси странец со напомена да ве побара некогаш.

29. Соберете храброст и поразговарајте со симпатијата, без разлика дали е тоа слаткиот поштар или колегата од работа, а потоа разменете имејл адреси.

30. Честитки! За овие 30 храбри денови успеавте да го зголемите сексапилот и да запознаете многу нови момци. Сè што останува е да го изберете среќникот кој гордо ќе ја земе титулата на ваш дечко.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар