25 нешта што би сакале да ги знаевме порано, а не ни ги кажале никогаш

25 нешта што би сакале да ги знаевме порано, а не ни ги кажале никогаш

Искуството и мудроста одат рака под рака. Колку поискусни стануваме толку повеќе се исполнуваме со животни мудрости. Меѓутоа, некогаш за некои работи не сме знаеле без оглед на нашата мудрост и искуство бидејќи никој не ни ги кажал. Многу би било поубаво кога порано би ги знаеле овие работи. Прочитајте и дознајте кои се тие.

1. Грешки не постојат, тоа се само настани кои нè водат на патот кон успехот.

2. Поважно е да се живее во согласност со себеси отколку да се исполнуваат туѓите барања.

3. Подобро да се обидете и да не успеете отколку никогаш да не се обидете.

4. За да одите по сопствениот пат не ви треба никаква дозвола.

5. Повеќе корист има кога го правите тоа што го сакате отколку кога го правите она што околината наметнува дека треба да се прави.

6. Живеењето во љубов има далеку поголема вредност отколку живеењето во скудна сигурност.

7. Ако нешто сте одбралр и тоа повеќе не ве прави среќни, можете да одберете повторно.

8. Во ред е да се биде поинаков од просекот и да се негува сопствената индивидуалност.

9. Да се ужива во сонување големи соништа бидејќи тие навистина можат да се исполнат.

10. Промената не носи ништо лошо туку отвора патишта кон подобро.

11. Самите сте причина и последица и тоа нема врска со околината.

12. Поважно е тоа што го имате во срцето отколку тоа што го имате во џебот.

13. Не се обидувајте да ги промените другите туку променете се самите.

14. Ако знаете што сакате и каде сте тргнале, ништо не може да ве спречи.

15. Тука сте за да не живеете во страв туку со веселба да правите сè од љубов.

16. Кога ќе се засакате самите, можете искрено да ги сакате и другите.

17. Сè што може еден човек во светот, го може и секој друг.

18. Највредните работи се бесплатни, а воедно и непроценливи како што се воздухот, водата, љубовта…

19. Колку повеќе даваме толку повеќе добиваме.

20. Поважен е сегашниот момент отколку тоа што било вчера или тоа што ќе биде утре.

21. Многу е поважно да верувате во себе отколку другите да веруваат во вас.

22. Во ред е да паднете бидејќи тоа ќе ве научи побрзо да станете.

23. Не е грешка што сте се родиле, вие сте израз на извор од безусловна љубов.

24. Без оглед на сопствените одлуки, никогаш не сте лишени од поддршката од тој ист извор.

25. Што и да се случи, никогаш не се откажувајте од себе, бидејќи ја имате целата слобода и моќ во себе да живеете живот каков што вистински сакате.
Прочитајте и за следниве 4 нешта што ви се случуваат кога сте повозрасни и се сосема во ред.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар