6 генијални алтернативни употреби на инстант кафето

6 генијални алтернативни употреби на инстант кафето

Иако е потребно малку повеќе време отколку едноставно истурање на кристализираното инстант кафе во вода, сепак повеќето од нас го преферираат богатиот вкус на вареното турско кафе. Но, и инстант кафето си има свои предности и повеќето од нив немаат никаква врска со утринското будење. Во продолжение погледнете за што сè можете да го употребите инстант кафето.

6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиење

1. Подгответе вкусно месо

Не грижете се, месото нема да има вкус на утринско кафе. Сè што ви е потребно е една лажичка инстант кафе за да го збогатите вкусот на месото.

6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиење

2. Додајте го во болоњезе сос

Ова исто така звучи како чудна комбинација, но луѓето се колнат во преубавиот вкус. Кога еден британски прехранбен маркет го промовирал овој трик во 2015 година, настанал хаос на Интернетот. Но, кога луѓето почнале да го испробуваат овој трик, повеќето од нив биле пријатно изненадени како вкусот на сосот се издигнал на едно повисоко ниво. Потребно е само да додадете една мала лажичка инстант кафе.

6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиење

3. Освежете ги вашите билки

Според експертите, кафето може да ослободи корисни минерали како азот, калиум и магнезиум со распаѓањето во почвата на вашите растенија. Исто така, помага и во балансирањето на алкалиите и pH нивоата. Бидејќи инстант кафето е во кристализирана состојба, може веднаш да се користи за во почвата.

6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиење

4. Ги држи инсектите подалеку

Држењето на инсекти подалеку од вас е уште една придобивка на инстант кафето. Може да ставите кафе во вашата градинарска почва или околу куќата. Според една студија направена во 2004 година, пронајдена е една мрсна супстанца во кафето која е токсична за инсектите како што се комарците и мушичките. Можете да го истурете инстант кафето во областите кои што им се привлечни на инсектите, вклучувајќи го и вашиот двор.

6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиење

Бонус: исто така, можете да го искористите ваквото кафе за да се ослободите од болвите во крзното на вашиот миленик. Истријте го вашиот миленик со инстант кафе, а потоа истуширајте го.

5. Зголемете го растот на косата

Инстант кафето функционира одлично како нежен ексфолијант кој го забрзува растот на вашата коса. Можете да го ставите на вашиот скалп по шампонирањето или пак да го помешате со вода пред влегување во тушот. Доколку имате капа за туширање, можете да ја соберете косата со веќе намачканото кафе и да оставете да отстои 10 до 20 минути за подобра апсорпција.

6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиење

Внимание: Ова е најдобро за личностите со темна коса, бидејќи кафето може да ги обои светлите прамени.

6. Ослободете се од круговите под очите

Според една студија направена во 2016 година, кофеинот во кафето помага при ослободување на темните кругови и кесички кое се наоѓаат под очите. За ваквата намена можете да користите и обично кафе измешано со алое вера или кокосово масло, оставајќи ја смесата да отстои 10 до 20 минути.

6 генијални идеи како да го употребите инстант кафето освен за пиење

Прочитајте ги и овие 27 неверојатни факти за кафето што секој љубител би требало да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар