Како реагираат знаците од Зодијакот во близина на саканата личност?

Секоја личност различно реагира на првиот состанок, пораките од симпатијата, одбивањето… Но, сега имате изговор за чудното однесување пред момчето што ви се допаѓа бидејќи вашето однесување однапред е одредено од вашиот хороскопски знак. Како реагираат знаците од Зодијакот во близина на саканата личност, прочитајте во продолжение.

Овен

Вие сте личност која нема проблеми со самодовербата ниту на момент, но понекогаш не знаете кога е доста. Вие сте едни од оние што бесрамно флертуваат со секој тип во собата што ќе ви се допадне, а тоа може да има свои предности. Но, следниот пат подобро фрлете око само на еден тип и насочете ја енергијата кон него. Ќе успеете!

Бик

Вие верувате дека патот за освојување на вашиот дечко доаѓа преку неговиот стомак и не се откажувате од таа замисла. Како предлог за состаноци секогаш бирате ресторани и пицерии и се трудите да дознаете што е можно повеќе за неговиот вкус. Помните дури и која пица е негов избор покрај одреден вид храна. Кога ќе почнете со некоја идеја – тешко се откажувате, така што се надеваме дека вашиот тип е вистински гурман!

Близнаци

Вие сте двоен воздушен знак и често се чувствувате како да сте две личности истовремено. Во присуство на симпатијата се правите незаинтересирани и веројатно флертувате со целосно неважна личност за да го придобиете вниманието на вашиот избраник. Тој ќе мора навистина да се потруди околу вас за вие да ги признаете своите чувства.

Рак

За да се отвори Ракот потребно е доста време, а и треба да чувствува голема сигурност од страна на саканата личност. Вие сте срамежлива личност и на забавите седите сами, пишувате дневник или песна за личноста што ја љубите. Некогаш е во ред да го направите првиот чекор, имајте го тоа на ум!

Лав

Вие знаете сè за личноста што ви се допаѓа, но тоа сте го дознале преку социјалните мрежи. Во живо немате храброст да му пријдете. Единствени сте од оние кои со едното око ја гледаат симпатијата, а со другото пишувате подолга порака и барате совети. Пристапете му и јавете се!

Девица

Вие мечтаете за врска. Дури и кога сте сингл, вие ја имате испланирано целата иднина. Главата секогаш ви е во облаци и сте замислени. Иако мислите дека вашето однесување е незабележливо, вашата симпатија знае сè!

Вага

Вие стоите цврсто на земја, покрај тоа што сте исклучително чувствителни и сакате романтика. Ретко ги покажувате вашите чувства премногу отворено. Секогаш ќе чекате другата страна да го направи првиот чекор.

Скорпија

Таинствени и интровертни, ете такви се Скорпиите. Вашите емоции ретко кој би можел да ги прочита, тоа им е проблем и на вашите најблиски. Мора да бидете малку поотворени и директни кон симпатијата за да знаете што чувствувате и каков чекор да преземете.

Стрелец

Вие сте многу дружељубива личност и не ви е тешко да го направите првиот чекор. Меѓутоа, вашите шеги и вицови не се сфатени на вистинскиот начини. Иако тоа е вашиот начин за да се приближите, тој ќе ве гледа како ортак. Употребете ја малку вашата женска страна!

Јарец

Кон симпатијата се однесувате како кон другарите. Сакате да дознаете за неа колку е можно повеќе детали, да откриете што сака, која музика ја слуша… Не можете да се заљубите одеднаш. Кај вас е тешко да се открие дали го гледате како другар, како колега, бидејќи и вас не ви е целосно јасно. Прекинете со анализирање на работите пред да се одлучите за акција.

Водолија

Вие сте најповлечената личност во собата и флертувате на многу чудни начини. Зборувате за вонземјани, временски непогоди… Пронајдете некои сличности со симпатијата и започнете малку поинакви теми.

Риби

Секогаш чекате тој да го направи првиот чекор како и да го предложи следниот. Вие го следите во чекор и често ги менувате вашите планови поради него. Кога е во ваша близина се согласувате со сите негови тврдења и покажувате заинтересираност да поминете заедничко време. Покажете малку автентичност.

Прочитајте го и годишниот хороскоп за 2020-та година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар