Работи за кои сигурно и вам ве има излажано фризерот

Работи за кои сигурно и вам ве има излажано фризерот

Конечно одлучивте дека сакате нова фризура, без разлика дали се работи за кратење на вашата долга коса или за бојадисување, но вашиот фризер не сака ни да чуе за таква промена. Тој знае најдобро што би ви прилегало, па сепак, тој ги има ножиците во рацете, нели?! И баш тој ќе влијае на вашето мислење за сопствениот стил и на вашата самодоверба.

raboti-za-koi-sigurno-i-vam-ve-ima-izlazhano-frizerot-kafepauza.mk

Тие наши лични гуруа се многу испраксирани да нè уверуваат во нешто што сепак не е вистина. Одиме со ред.

1. Катастрофа, сигурно користиш евтин шампон и/или регенератор!

Секој фризер или фризерка ќе ги препорача токму оние производи кои се користат во салонот. За да имаат ќар, се разбира. За вас најважно е да избирате нежни шампони кои нема да делуваат агресивно на вашата коса. Без разлика дали е тоа некој „no name“ или евтин производ, важно е да делува добро на вашиот скалп и коса.

2. Задолжително треба да се пострижувате на секои 6 недели

Рака на срце, но кој има и време и пари за вакви работи? Апсолутно е неточно тврдењето дека косата ќе биде поздрава доколку редовно се потскратува. Тоа зависи исклучиво од состојбата на самата коса и желбата на сопственичката, т.е. нејзината крајна цел. Жените кои многу ретко ја сушат косата со фен и не ја фарбаат можат косата да ја потстрижуваат дури на 5-6 месеци.

3. Слоевитото потстрижување дава волумен

Па, тоа не е баш секогаш вистина. Доколку се работи за тенка коса, волумен може да се добие со одреден метод на потстрижување, но тоа не е секогаш слоевитото. Ако се работи за здрава коса, таа секогаш ќе треба да се потстрижува на суво. Кога е косата мокра, фризерот многу лесно може да отсече премногу и потоа да ја замаскира „дупката“ со лак или со фенирање.

4. Секојдневното миење на косата е штетно

Вистина е дека шампоните, регенераторите и другите средства ги сушат косата и скалпот, а кога на тоа ќе се додаде фенирање или пеглање, штетата станува огромна. Но, доколку користите ултранежен шампон како на пример од жалфија или од камилица со етерични масла за омекнување на косата и ја сушите на природен начин, можете слободно да се опуштите и да ја миете онолку често колку што сметате дека е потребно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар