Пилешко во сос од портокал

Одличен предлог за денешниот ручек

pileshko-vo-sos-od-portokal-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 8 помали парчиња пилешки гради
  • 150 мл сок од портокал
  • 1 рендана кора од портокал
  • 1 цел портокал
  • 1 лажичка сенф
  • 20 грама кафеав шеќер
  • 40 грама маргарин
  • 2 лажици масло
  • 2 лажички густин
  • 1 лажица мешавина од суви зачини
Начин на подготовка:
  1. Истанчете ги малку пилешките филети, потоа посипете ги со сув зачин и премачкајте ги со сенф.
  2. Во поголема тава загрејте го маслото и половина од маргаринот, па полека пржете од двете страни околу 6-7 минути. Потоа извадете ги парчињата на чинија.
  3. Во истата тава ставете го преостанатиот маргарин, кората, сокот од портокал и шеќерот, и со мешање гответе околу 3-4 минути. Додајте го густинот измешан со малку вода и на крај портокалот, излупен и исечен на тенки крукчиња. Уште малку гответе и по потреба разредете со вода и дополнително посолете.
  4. Пилешките стекови сервирајте ги во чинии, на секоја ставете по некое крукче портокал и одозгора врз сè прелијте со жешкиот сос. Како прилог можете да послужите варен ориз, а по желба и друг варен зеленчук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.