Внимавајте: Овие видови лекови може да предизвикаат епизоди на депресија

Лековите постојат за пациентите да се чувствуваат подобро и во најголем дел од времето добро ја завршуваат намената. Но, секој лек има и листа на ретки и чести несакани ефекти. Додека кај едни лековите не предизвикуваат никакви несакани појави, а кај други лесни и слаби, постојат и такви кои ќе почувствуваат нарушувања во расположението, па дури и епизоди на депресивност, иако лекот воопшто не е наменет за ментални болести.

Овие видови на лекови може да предизвикаат епизоди на депресија

Кај некои лекови е познато дека реагираат со допаминот и серотонинот и тоа може да предизвика промени во расположението, но за некои од лековите уште нема познати податоци зошто оставаат такви несакани ефекти кај пациентот. Она што е сигурно е дека депресијата е сериозно нарушување, кое е многу често и кое е неопходно соодветно да се третира.

Поради тоа, секоја промена во расположението при земање некој лек, треба да се каже на лекарот и фармацевтот, за да може да се прилагоди дозата или да се смени терапијата навреме. Во продолжение следува дел од најчесто користените лекови, кои понекогаш кај некои пациенти предизвикуваат депресивни состојби:

1. Бета блокатори

Бета блокаторите се користат за висок притисок, кардијална аритмија, како и за превенција од срцев удар. Во одредена доза тие се даваат и при болки во градите, мигрени, неправилни отчукувања на срцето и хипертензија. Кај дел од оние кои ги користат се забележани симптоми на депресивност.

Добра вест е што во денешно време бета блокаторите се користат многу ретко, бидејќи постојат голем број алтернативи, од природни до фармацевтски, со кои се контролираат горенаведените состојби.

2. Кортикостероиди

Успешно третираат широк спектар на здравствени нарушувања, особено кога се работи за автоимуни болести, но за жал, имаат негативен ефект врз менталното здравје.

Континуираната долготрајна употреба може да предизвика депресија и анксиозност и ова се чести несакани ефекти од кортикостероидите. Ризикот се зголемува доколку пациентот има семејна историја на психички нарушувања. Во тој случај, лекарот мора внимателно и контролирано да ја дозира терапијата, дури и да комбинира со други медицински алтернативи.

Овие видови на лекови може да предизвикаат епизоди на депресија

3. Антибиотици

Антибиотиците често се користат, но на наша среќа, со ментални нарушувања е поврзана само групата на флуорокинолони, кои се препишуваат за сериозни бактериски инфекции, како што се заразите со ешерихија коли, стрептококи, салмонела, ентеробактерија и стафилококи. Се употребува при абдоминални, коскени, респираторни и урогенитални инфекции. Сличен ефект има и групата на пеницилини.

Пред земањето антибиотик, разговарајте со матичниот лекар. Користете го овој лек само кога навистина има потреба од тоа, за да не развиете резистентност.

4. Интерферон

Се користи во терапиите наменети за лечење на хепатити и на некои форми на карцином. Депресијата трае за време на лечењето, но може да се појави и подоцна. Поради комбинацијата од сериозна здравствена слика и нарушено ментално здравје, оваа група лекови може да се комбинира и со некои антидепресиви, со цел терапијата да биде успешна.

5. Антиконвулзивни (антиепилептични) лекови

Не сите, но некои лекови кои се користат при третирање на епилепсија и конвулзии, се поврзани со појавата на депресија во текот на лечењето. Овие лекови влијаат на централниот нервен систем, а несаканите ефекти завршуваат заедно со крајот на терапијата.

Овие видови на лекови може да предизвикаат епизоди на депресија

6. Опоиди

Тука спаѓаат аналгетиците и сите останати лекови што се користат против болки. Ризикот на депресија се зголемува и кај оние кои никогаш не покажале знак на ментално нарушување, ниту пак имаат таква семејна историја. Луѓето со промени во расположението се повеќе изложени на ризик.

7. Антидепресиви

Смешно, но сè почесто можеме да чуеме дека антидепресивите понекогаш можат и да ја влошат веќе постоечката состојба, предизвикувајќи дури и суицидни мисли. Иако нема податок зошто тоа се случува, понекогаш се забележува појава на влошување на ситуацијата при земање терапија.

Сепак, бројката на луѓе кои живеат нормален и подобар живот откако правилно ја третирале депресијата со помош на антидепресиви е доволно голем. Затоа, доколку ситуацијата се влошува, веднаш треба да се каже на лекарот кој го води случајот, за да може навреме да се реагира.

Прочитајте повеќе и за поврзаноста помеѓу храната и депресијата.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар