Како да се сакате себеси во моментите на депресија?

Како да се сакате себеси во моментите на депресија?

Еден од најважните чекори кој ќе ви помогне полесно да се справите со депресијата е да се сакате повеќе себеси. Од друга страна, доколку работите на развивање позитивен однос кон себе, ќе имате продуктивни, и урамнотежени здрави односи со вашите пријатели, семејството и колегите.

Како да се сакате себеси во моментите на депресија?

Што значи да се сакате себеси? Значи да се грижите и цените себеси на сличен начин како што би сакале некој пријател или член на семејството. Тоа значи дека издвојувате време да се запознаете себеси, да се почитувате и да развиете врска со себе. Тоа значи и дека ќе се грижите за себе и ќе практикувате навики кои ќе ја подобрат вашата благосостојба и ќе ви бидат еден вид штит од надворешните негативни влијанија. Во продолжение прочитајте како да се сакате себеси во моментите кога се соочувате со депресија.

1. Почнете повеќе да се грижите за себе

Грижата за себе во овој момент сигурно ќе биде тежок чекор со оглед на тоа дека правењето нешто убаво за себе е последното нешто за кое веројатно сакате да размислите или за што можете правилно да размислите сега. Но, од големо значење е да почнете да ги правите оние мали нешта кои можат да ви дадат енергија да се справите со поголемите предизвици. Зборуваме за секојдневни навики како грижата за себе, хигиената, здравата исхрана, прошетките, разговор со вашите најблиски.

2. Воздржете се од самоосудување

Знаете дека вие самите сте си најсуровиот критичар со оглед на тоа дека постојано ви се вртат во глава осуди и критики за она што сте го сториле или она што требало, а не сте го направиле. Првиот чекор е да престанете да се осудувате себеси бидејќи никој не е совршен. Прифатете го фактот дека грешките можат да ви помогнат да се подобрите и подобро да се спознаете себеси. Можеби сè уште не сте ги постигнале вашите цели, но доволно е сознанието дека се движите во вистинската насока. Освен тоа, не споредувајте се со другите бидејќи секој се соочува со предизвици и разноразни битки во животот.

3. Простете си себеси

Сите грешиме, сите попуштаме кога не треба, сите на моменти им даваме приоритет на погрешните работи. Уште една потврда дека се сакате себеси е оставањето простор за грешки. Сè што треба да направите е да бидете искрени и да го прифатите фактот дека сте направиле грешка и дека ќе работите да се подобрите.

Откако прочитавте на кој начин можете да се сакате себеси во моментите на депресија, можеби ќе сакате да прочитате и за раните симптоми на депресија кои не смеете да ги занемарите.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар