Зошто треба почесто да консумирате ајран?

Зошто треба почесто да консумирате ајран?

Богатата зачинета храна од Блискиот Исток не е добар пријател за нашиот нежен дигестивен тракт. Затоа, турскиот народ пронашол рецепт за освежителен пијалак кој го поддржува варењето и истовремено делува како пробиотик. Се вика ајран, а ако се уште не сте го пробале, крајно време е да го сторите тоа. Во продолжение прочитајте кои се неговите здравствени придобивки.

Зошто треба почесто да консумирате ајран?

1. Ссодржи вода така што може да ја исполни препорачаната квота од осум чаши вода што човек треба да ги пие секој ден.

2. За време на жешкиот летен ден, луѓето повеќе се потат и ја губат природната сол од телото која му е потребна на телото. Пиењето ајран го заменува ова и објаснува зошто Турците го сакаат во текот на летото кога дава моментално олеснување.

3. Полн е со хранливи материи како што се протеини и калциум; помага за здравјето на коските и забите. Бодибилдерите, на кои им требаат големи количини на протеини, наместо вештачки напитоци пијат ајран.

4. Бидејќи нема шеќер и има малку маснотии, оние кои се на диета го сакаат овој пијалак и тој е одлична алтернатива за другите освежителни намирници со шеќер.

5. Ајранот го лечи мамурлакот.

6. Бактериите кои се присутни во ајранот помагаат во лекување на стомачни заболувања како што се запек или дијареја.

Рецепт за турски ајран

За подготовка на ајран ви е потребно:

  • кисело млеко
  • ладна вода
  • сол

Напомена: Наместо кисело млеко, можете да користите и обичен јогурт, но обидете се да најдете што погуст.

Колку и да ставите кисело млеко, да речеме дека е пакување од половина килограм, додадете толку ладна вода. Имајте на ум дека можете да додадете повеќе или помалку вода по вкус. Потоа посолете бидејќи солта му го дава карактеристичниот вкус на ајранот.

Количината на сол треба да биде во сооднос од 0,5-1 проценти. Тоа значи дека ако планирате да подготвите еден литар ајран, треба да додадете 5-10 грама сол. Со текот на времето ќе ви стане навика да додавате сол по вкус, но без сол во ајран не можете. На крајот, измешајте ги сите состојки со миксер или во блендер. Ајранот можете веднаш да го испиете, но и дополнително да го изладите во фрижидер. Важно е да се промешува пред да се пие.

Откако прочитавте за здраствените придобивки од ајранот, можеби ќе сакате да прочитате и 6 брзи и едноставни рецепти со јогурт кои се одлични за вашето здравје.

Извор: citymagazine.danas.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар