Вежби со тежок хулахоп: Да или не?

Вежби со тежок хулахоп: Да или не?

Хаштагот #weightedhulahoop (тежок хулахоп) сè повеќе се појавува на ТикТок и овој тренд стана популарен преку ноќ. Оваа вежба која вклучува хулахоп, малку потежок од оној со кој си игравте во детството.

Според фитнес-тренерите, станува збор за тренинг со помал интензитет, кој вклучува кардио елементи, како и вежби за сила. Со вртење тежок хулахоп, ја забрзувате работата на срцето и ги зајакнувате мускулите на средниот дел од торзото и на грбот. Покрај тоа, можете да користите тегови за раце за да ги вежбате и мускулите на рацете.

Вежбањето со хулахоп активира над 30 мускули и ги подобрува рамнотежата, подвижноста, флексибилноста и координацијата.

Според истражувањата, овој начин на вежбање согорува калории и резултатите се навистина можни, особено во пределот на стомакот, каде што најчесто се таложат масни наслаги.

Најдобро е да вежбате на овој начин два до три пати неделно по 10-30 минути.

Погледнете ги овие 6 вежби со кои ќе имате тело од соништата.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар