Ова се најчестите грешки при обидот за намалување на телесната тежина!

Ова се најчестите грешки при обидот за намалување на телесната тежина!

Обидот да се намали телесната тежина на здрав и долгорочен начин понекогаш може да биде фрустрирачки процес бидејќи секој поединец има свои уникатни потреби. Тоа значи дека не постои единствено решение за постигнување на нашите цели. Наместо тоа, овој процес честопати бара од нас да се запознаеме себеси и да сфатиме што е тоа што му е потребно на нашето тело, додека правиме мали, но влијателни промени во нашата секојдневна рутина.

Ова се најчестите грешки при обидот за намалување на телесната тежина!

И понекогаш, дури и кога сме ги направиле овие промени, сè уште можеме да наидеме на некои блокади во постигнувањето на нашите цели. Во продолжение прочитајте ги најчестите грешки во обидот за одржување нормална телесна тежина.

Претерувате со здравата исхрана

Од клучно значење е да јадете храна која не само што ја сакате да ја јадете, туку е и богата со хранливи материи, сепак нутриционистите препорачуваат да ги измерите вашите порции за да не претерате со калориите.

„Иако храната како јаткастите плодови, путерот од јаткасто овошје, хумусот и авокадото се богати со хранливи материи и содржат здрави масти, тие содржат и повеќе калории од другите јаглени хидрати или протеини“, вели Ејми Гудсон, автор на The Sports Nutrition Playbook. „Многу луѓе кои сакаат да изгубат тежина мислат: „оваа храна е добра за мене, па не е важно колку јадам“, но тоа не е вистина бидејќи големината на порциите е клучна кога се обидувате да изгубите тежина“, вели авторката.

Не внесувате доволно протеини

Внесувањето доволно протеини во текот на денот е неопходно за целокупното здравје, особено ако сакате да го намалите вишокот килограми.

„Протеините се од суштинско значење за губење на тежината бидејќи помагаат да се отстранат мастите и да се изградат мускули, но за жал, многу луѓе јадат оброци на кои им недостасува доволно протеини“, вели Кортни Д’Анџело, автор на Go Wellness.

„Моите препораки за најдобар извор на протеини се пилешки гради, пилешки колбаси, риба или свинско филе“, вели Д’Анџело. „Најверојатно, откако ќе го изедете вашиот извор на протеини, ќе бидете помалку склони кон јадење нездрави грицки или други јадења кои се полни со калории и шеќер“, изјавува авторката.

Користите нездрави додатоци

„Понекогаш, ги користиме нашите омилени додатоци во нашата храна за да го подобриме вкусот, но тоа може да биде критична грешка што честопати нè спречува да изгубиме тежина“, вели Д’Анџело.

„На пример, додавањето сируп на вашите палачинки наутро се чини како добар избор во моментот, но тој дополнителен шеќер ќе го натера вашето тело да копнее по повеќе шеќер во текот на денот. Други примери вклучуваат додавање сос за скара или кечап за време на ручек или вечера, мајонез во сендвич или теријаки сос во пилешкото“, изјавува Д’Анџело.

Откако прочитавте за најчестите грешки при намалување на телесната тежина, можеби ќе сакате да прочитате и што е BMI и како да дознаете која е вашата идеална телесна тежина.

Извор: eatthis.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар