Велигденски мафини: Десерт што совршено се вклопува во празничната трпеза

Велигденски мафини: Десерт што совршено се вклопува во празничната трпеза

Ако барате совршен десерт за празниците, ова е идеалниот рецепт за вас.

Велигденски мафини: Десерт што совршено се вклопува во празничната трпеза

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • прстофат сол
  • 100 гр кристален шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 лажици стопен путер
  • 4 лажици павлака
  • 200 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 2 лажици гриз

Состојки за полнење:

  • кајсии од компот
  • 200 мл шлаг

Начин на подготовка:

Измешајте ги белките со малку сол. Потоа додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер и продолжете да мешате. Додајте ги путерот, павлаката и жолчките и измешајте. Додајте ги брашното, гризот и прашокот за печиво и соединете ја смесата со шпатула. Ставете ја смесата во плех за мафини и печете 20-25 минути на температура од 180 °С. Кога ќе се изладат мафините, наполнете ги со шлаг и ставете кајсии одозгора.

Погледнете го и овој лесен и брз рецепт за овошни мафини без брашно.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар