Само 3 состојки: Најлесен рецепт за сочен зимски колач што го полуде светот

Љубител сте на благото, но не сте вешти во подготовка на десерти? Нема проблем. Ви го донесуваме најлесниот рецепт за сочен колач од праски за кој не ви треба претходно искуство. За да го подготвите, потребни ви се само 3 состојки.

Рецептот се споделува на Интернет и социјалните мрежи веќе некое време, а во последно време се здоби со голема популарност благодарение на апликацијата ТикТок.

Само 3 состојки: Најлесен рецепт за сочен зимски колач што го полуде светот

Потребни состојки:

  • две тегли компот од праски од 470 г
  • 400 г готова смеса за чизкејк
  • 110 г ладен путер

Начин на подготовка:

  1. Истурете го компотот од праска заедно со течноста во огноотпорен сад. Наместо праски, можете да користите и компот од ананас.
  2. Истурете ја смесата за чизкејк врз праските и раширете ја рамномерно.
  3. Ставете тенко исечен путер.
  4. Ставете го колачот во загреана рерна на 170 степени Целзиусови околу 45 минути.
  5. Послужете топло со сладолед од ванила. Добар апетит!

Погледнете го и овој „магичен“ рецепт за чизкејк со совршени слоеви.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар