5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешни

Кога станува збор за вулгарните изрази, повеќето луѓе ќе размислат дали да ги изговорат. Ова не треба да нè чуди, бидејќи уште од мали сме научени дека пцуењето не е пристојно и дека не се наоѓа во вокабуларот на успешните луѓе. Но, на секој му се случува одвреме-навреме да му излета некоја пцовка, без разлика на ситуацијата. Како и за многу нешта кои со децении биле табу, почнуваме да го менуваме и нашиот став кон пцуењето.

5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешни

Според психолозите, пцуењето го подобрува нашиот живот. Еден од најголемите „фанови“ на вулгарните зборови е психологот Ричард Стивенс, професор при Универзитетот Кееле. Ричард напишал неколку текстови на оваа тема, во кои ги спомнувал неговите истражувања, а сите покажувале едно – покрај тоа што повременото пцуење е оправдано, тоа дури и го подобрува животот. Погледнете ги 5-те причини зошто е тоа така.

1. Пцуењето ви дава сила

Во 2017-та година, Ричард направил експеримент со кој покажал дека пцуењето очигледно ни дава физичка сила. Тој ги замолил испитаниците да прават две разни вежби – едната со пцуење, а другата без. Забележал дека испитаниците кои пцуеле на цел глас, дале подобри резултати.

„Од претходните истражувања знаеме дека пцуењето помага полесно да се издржи болката. Најверојатно тоа потекнува од нашиот нервен систем, кој го забележува забрзувањето на срцето кога сме во опасност.“

2. Пцуењето е знак за интелигенција

Веројатно сте слушнале дека оној кој пцуе, не знае доволно зборови за да се изрази пристојно. Но ова не е точно, а тоа го потврдиле и неколку истражувања. Оној кој знае многу погрдни зборови, всушност има побогат речник и е покреативен и попаметен.

3. Пцуењето ја поттикнува самодовербата

Доколку повремено кажувате и по некоја пцовка во аргументите, ќе оставите посилен впечаток, па дури и ќе можете да го наметнете вашиот став. Но доколку имате лоши аргументи, ниту една пцовка нема да ви помогне.

4. Пцуењето ја зголемува страста

Колку често расправата со партнерот завршува со секс? Многу мажи, но и жени, навистина го сакат валканиот разговор во кревет. Мажите изјавиле дека повеќе се возбудуваат од вулгарни предлози, наместо од „попристојните“ како „Сакаш ли да водиме љубов?“

5. Пцуењето е израз на најсилните емоции

Во еден од неговите текстови, Ричард дал пример за тоа како користењето погрдни зборови нè тера на размислување. Имено, после слушањето снимки од црни кутии од авиони, откриено е дека повеќето пилоти во последните моменти пред паѓањето на авионот, користат навистина вулгарни изрази. Важно е да споменеме дека пилотите се добро образовани личности. Поради ова, психологот дошол до заклучок дека со помош на вулгарноста, ги покажуваме нашите најсилни емоции.

Знаевте ли дека луѓето кои многу пцујат имаат една заедничка позитивна особина?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар