„Магичен“ рецепт за чизкејк со совршени слоеви

„Магичен“ рецепт за чизкејк со совршени слоеви

Овој вкусен чизкејк кој исто така изгледа магично, сигурно ќе сакате да го направите веднаш. Погледнете го рецептот кој го сподели една креативна мајка!

„Магичен“ рецепт за чизкејк со совршени слоеви

Потребни состојки:

За украсување:

  • 250 милилитри шлаг
  • 175 милилитри кондензирано млеко
  • 1 лажичка екстракт од ванила

За основата:

  • 4 лажици путер
  • 150 г експандиран ориз
  • едно големо пакетче маршмалоу

За филот:

  • 2 лажици желатин во прав растворен во 175 милилитри ладна вода
  • 250 г крем сирење филаделфија
  • 175 милилитри кондензирано млеко
  • 375 милилитри шлаг
  • 250 г стопено бело чоколадо
  • една лажица екстракт од ванила
  • две капки од различни бои

Начин на подготовка:

  1. Растопете го путерот и маршмалоу, додајте го експандираниот ориз и притиснете во сад по избор.
  2. Во мал сад растворете го желатинот со водата. Оставете 5 минути, а потоа во микробранова за 30 секунди.
  3. Во блендер измешајте го крем сирењето, кондензираното млеко и шлагот. Потоа додајте го стопеното чоколадо, екстрактот од ванила и желатинот и блендирајте пак.
  4. Разделете ја смесата во 6 различни чинии и додадете различни бои во секоја чинија.
  5. Земете една од обоените смеси и ставете ја врз веќе подготвената основа. Потоа оставете 20 минути во фрижидер. Повторете го истото со сите слоеви. Овој чекор е малку подолг, но ве уверуваме дека вреди!
  6. Кога сите слоеви се готови, оставете во фрижидер за неколку часа.
  7. За украсувањето, блендирајте го шлагот со кондензираното млеко и екстрактот од ванила. Ставете ја смесата во шприц за декорација и украсете по желба!

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за празнични колачиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар