Рецепт за вегетаријанска мусака: И без месо е одлична!

Рецепт за вегетаријанска мусака: И без месо е одлична!

Како што ви е добро познато, мусаката е рецепт со грчко-турско потекло. Денес ви ја претставуваме грчката варијанта која се прави со комбинација од модар патлиџан, мелено месо во сос од домати и сирење кои се печат во рерна. Доколку не јадете месо или сакате да го намалите внесот на месни производи, тогаш можете да го испробате овој рецепт на мусака со леќа.

Рецепт за вегетаријанска мусака: И без месо е одлична!

Потребни состојки:

  • 500 милилитри млеко
  • 500 милилитри вода
  • 400 грама сечкани домати од конзерва
  • 200 грама неварена леќа
  • 200 грама печурки
  • 60 грама рендан пармезан за бешамел сос
  • 3 чешниња лук
  • 2 средни модри патлиџани
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици бело брашно
  • 1 кромид
  • 1 лажичка суво оригано
  • сол и бибер (по желба)
  • екстра девствено маслиново масло
  • рендано сирење (по желба)

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови.

2. Измијте ги патлиџаните и исечете ги на подебели кришки. Ставете ги парчињата модар патлиџан во сад за печење и посолете ги од двете страни. Оставете ги да отстојат околу 10 минути. Со хартија избришете ја течноста што во меѓувреме се појавила на парчињата модар патлиџан.

3. Премачкајте ги парчињата модар патлиџан со малку маслиново масло и оставете ги во претходно загреаната рерна околу 10 минути или додека не омекнат. Оставете ги настрана.

4. Во големо тенџере загрејте малку маслиново масло на средна температура. Мешајте ги сечканиот кромид и шампињоните додека не омекнат. За
тоа ќе ви бидат потребни околу 5 минути.

5. Додадете го исечканиот лук и мешајте околу 1 минута.

6. Додадете ги доматите, леќата и водата. Зачинете со сол, бибер и оригано. Гответе сè заедно околу половина час додека леќата не омекне. Ако сосот ви се чини премногу густ, додадете уште вода.

7. Во друго тенџере растопете го путерот и измешајте го со брашното. Постепено сипете го млекото со постојано мешање за да не дојде до формирање грутки. Гответе околу 5 минути, а потоа додадете го ренданиот пармезан и измешајте сè додека да се растопи сирењето. Додадете
сол и бибер по желба.

8. Во правоаголен огноотпорен сад ставете еден ред печен модар патлиџан над кој ќе додадете половина од смесата со леќа. Покријте ја леќата со уште еден ред модар патлиџан и леќа. Прелијте го бешамел сосот и додајте го ренданото сирење.

9. Ставете ја мусаката во рерна и печете околу 30 минути додека кашкавалот не се растопи. Послужете го јадењето додека уште е топло. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за вегетаријанска мусака, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за мусака со кисела зелка.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар