Еве што препорачуваат експертите кога не го знаете одговорот на прашање на интервју за работа

Еве што препорачуваат експертите кога не го знаете одговорот на прашање на интервју за работа

Без разлика на трудот и времето што ќе го вложите во подготовката за интервју, секогаш може да ви биде поставено прашање кое нема да знаете како да го одговорите. Дали треба да одговорите со „не знам“ баш поради тоа што не знаете? Ризикот е голем, а токму во тој момент лицето што ве интервјуира може да ги процени вашите способности за работа под притисок. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како да се справите со ваквата ситуација.

Еве што препорачуваат експертите кога не го знаете одговорот на прашање на интервју за работа

1. Што и да ве прашаат, не лажете

Според експертите, доколку не можете да го одговорите прашањето користејќи примери од лично искуство, во ред е да направите некаква споредба и да одговорите на овој начин: „Не сум бил/а во ваква ситуација, но еве на кој начин јас би ја решил/а…“. Правите голема грешка доколку се обидувате да лажете наместо да признаете дека не знаете, а тоа остава лош впечаток за вас на лицето кое ве интервјуира.

2. Ако не разбирате што ве прашуваат, побарајте појаснување

Ова е една од најлошите грешки што кандидатот може да ги направи на интервју за работа. Не значи дека ако зборувате доволно долго го одговарате прашањето онака како што би се очекувало од вас. Наместо тоа, побарајте објаснување доколку ви е потребно. Тоа истовремено ќе покаже и колку сте полни со самодоверба. Тоа, од друга страна, може да ви даде и доволно време да размислите за одговорот.

3. Не се откажувајте и не одговарајте со „не знам“. Борете се докрај.

Во ред е да признаете дека сè уште не сте се стекнале со одредена вештина или не сте се соочиле со одреден проблем. Наместо тоа, оставете до знаење дека сте желни да дознаете и научите. Можете да одговорите од типот на: „Сè уште не го знам тоа, но подготвен/а сум да ги научам потребните вештини“. Никогаш не споделувајте директно дека го немате потребното искуство, туку обидете се да најдете некаква поврзаност со вашето досегашно искуство и она што порано сте го работеле.

Откако ги прочитавте нашите совети за како да одговорите на интервју за работа, можеби ќе сакате да прочитате и 8-те работи кои треба да ги знаете за да се чувствувате подобро ако ве одбија на интервјуто за работа.

Извор: huffpost.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар