Природни и здрави начини за фарбање на вашата коса

Природни и здрави начини за фарбање на вашата коса

Истражувањата кажуваат дека околу 65% од жените ја фарбаат својата коса, па затоа и фарбите за коса можат да се најдат во секоја продавница. Сепак, овие производи се полни со хемикалии, повеќе од 5.000 во секое пакување. Затоа е многу побезбедно да почнете да користите некои природни алтернативи. Погледнете дел од нив.

ofarbajte-ja-vashata-kosa-prirodno-so-ovie-recepti-kafepauza.mk

1. К’на

Правот од к’ната содржи природен пигмент кој нуди одлични резултати. Ако се користи само к’ната, ќе добиете црвено-портокалова боја, а ако ја измешате со камилица, ќе добиете малку поприродна боја.

Измешајте 240 милилитри к’на со 470 милилитри сок од лимон. Оставете ја смесата да отстои 4 до 6 часа, а потоа нанесете ја на косата. Начешлајте ја и замотајте ја косата со пластична фолија. Оставете да делува 2 до 3 часа. Исплакнете со вода.

2. Кафе

Кафето може да ја потемни вашата коса и да ѝ даде чоколадна боја, без притоа да ја оштети. Најдобро е да направите некое јако кафе (на пример еспресо), да го оставите да се излади и да измешате 2 лажици од него со 470 милилитри регенератор за коса кој не треба да се мие. Нанесете ја смесата на косата и оставете да делува околу 1 час. Исплакнете со јаболков оцет, за да добиете резултат кој ќе трае подолго, а потоа исплакнете со топла вода. Повторувајте го третманот неколку денови по ред додека не ја добиете посакуваната нијанса.

3. Тревки

Постојат многу тревки кои можете да ги користите за фарбање на косата. За црвена боја, користете невен, шипинка и хибискус. Ставете ги тревките во жешка вода околу половина час. Потоа исцедете ја водата и ставете ја на косата. За најдобри резултати, исушете ја косата на сонце.

За да добиете потемна боја, користете коприва или рузмарин. Оставете ги тревките половина час во жешка вода, па исцедете ја и ставете ја на вашата коса. Оставете да делува еден час, а потоа исплакнете.

За руса нијанса, користете шафран, камилица, невен и ливчиња од сончоглед. Додајте црн чај за потемна и коча билка за посветла боја. Оставете ги тревките во жешка вода околу половина час, исцедете ја водата и ставете ја на косата. Оставете да делува некое време, а потоа исплакнете.

4. Чај

Чајот е најдобар за вашата природна боја на косата. Ако имате светла коса, користете камилица за да добиете руса боја, и чај од ројбос за црвена боја. За потемна боја на косата и покривање на седите влакна, користете црн чај.

Ставете 3-5 вреќички чај во 500 милилитри вода, оставете го чајот да се излади и потоа нанесете го на косата. Можете да ставите и регенератор за коса во него. Оставете да делува еден час, или преку ноќ, а потоа исплакнете со топла вода.

5. Сок од цвекло и морков

Можете да ги користете соковите посебно или заедно. Ако сакате поцрвена боја, ставете повеќе сок од цвекло и ќе добиете светла црвено-руса коса, потемна црвена или бакарна боја. Ако сакате портокалова нијанса, додајте повеќе сок од морков.

Нанесете го сокот на косата, замотајте ја во пластична фолија и оставете да делува еден час. Додајте кокосово масло за да ја омекнете косата. Потоа само исплакнете со вода и јаболков оцет. Ако сакате потемна боја, повторете го третманот неколку пати.

6. Лушпи од орев

Лушпите од орев се одлични за темно кафена боја. Искршете ги лушпите и оставете ги да вријат половина час. Потоа исцедете ја водата, оставете ја да се излади и нанесете ја на косата. После 1 час, исплакнете со топла вода.

Ако сакате поинтензивна боја, исцедената вода зовријте ја уште еднаш, додека не остане 1/4 од неа. Потоа постапката е иста, изладете, нанесете на косата и исплакнете.

7. Сок од лимон

Лимонот е одличен за нијансирање на косата. Само испрскајте ја косата со сок од лимон и исчешлајте ја. Оставете да делува неколку часа. Ќе добиете посветла нијанса ако ја сушите косата на сонце. Ако имате руса коса, можете да додадете и чај од камилица во сокот од лимон за уште подобри резултати. Оваа постапка ќе треба да ја повторите неколку пати.

Доколку ве интересира, прочитајте нешто повеќе за фарбањето коса со к’на.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Татјана Reply

    На која лушпа од ореви се мисли ќе извинете?

Напиши одговор на Татјана Откажи одговор