Важни ситници што секоја невеста ги заборава на денот на свадбата

Важни ситници што секоја невеста ги заборава на денот на свадбата

Од морето со емоции кои ги преплавуваат младенците за време на најубавиот ден од нивниот живот, невестата често заборава на некои важни ситници. Па ако и вие набрзо планирате свадба, тогаш обрнете внимание на следниве ситници што можат да ви направат голема разлика…

1-vazhni-sitnici-koi-sekoja-nevesta-gi-zaborava-www.kafepauza.mk_

1. Мала тоалетна чанта

Вашата шминка може да биде долготрајна, но во еден момент ќе морате да ја поправите. Затоа на венчавката не заборавајте да понесете мала чанта во која ќе ставите кармин, пудра и уште неколку ситници кои доста добро ќе ви се најдат.

2. Нешто за грицкање

Поради целата мешаница на денот на венчавката на младоженците често прв оброк им е оној којшто ќе го изедат после венчавката. Невестата секако би требало да јаде нешто пред да започне целата церемонија, за да ги избегне можните сцени кои може да ја расипат веселбата.

3. Чување покана за фотографот

Младенците често ја забораваат онаа покана која ќе му ја дадат на фотографот за да ја фотографира. Со оглед на тоа дека сите покани се испратени, младенците немаат фотографија од своите покани, а тие се и тоа како важен дел од венчавката.

4. Подготовка на цеде со песни

Преубавиот ден како што е венчавката вреди да се прослави со вашата омилена музика. Направете цеде со омилените песни кои ќе ги слушате додека се подготвувате и додека ги чекате вашите гости, доколку доаѓаат да ве земат од вашиот дом.

2--vazhni-sitnici-koi-sekoja-nevesta-gi-zaborava-www.kafepauza.mk_

5. Резервни обувки

Без разлика колку удобни ви изгледаат обувките кои ги носите, па дури и да сте ги разгазиле, сигурни сме дека во еден момент ќе посакате да ги собуете. Ова особено важи доколку носите обувки со изразена висока потпетица. Затоа, за секој случај понесете резервни удобни обувки.

6. Кутија или перниче за бурмите

Делот од обредот каде што се земаат бурмите ќе изгледа поубаво доколку прстените се поставени во убава кутија или на декоративно перниче, отколку само да се извадат до џебот.

7. Торта за денот потоа

На венчавката секогаш останува торта и младенците со задоволство ја споделуваат со гостите. Но, забораваат да сочуваат парче за себе. Затоа, сочувајте едно парче во кое подоцна на мир ќе уживате.

8. Полнење на батеријата на мобилниот телефон

Секоја невеста би требало својот мобилен телефон да го остави кај некој за време на самата церемонија. Сепак, поголемиот дел забораваат да ја наполнат батеријата, па кога ќе започнат да го користат може да се исклучи. Наполнете ја батеријата еден ден порано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар