6 ужасни состојки кои се кријат во преработената храна

6 ужасни состојки кои се кријат во преработената храна

Сигурно нема да изедете една лажица полна со вештачки хемикалии, но кога не обрнувате внимание на состојките на вашата храна, вие го правите токму тоа. Овие додатоци се користат за подобрување на вкусот на храната и намалување на цената на производот, па ве тераат да сакате повеќе од него.

Woman checking the food labels in the supermarket

Ова е одлично за бизнисот, но не и за вашето тело. Токму затоа следен пат кога ќе купувате храна, одвојте време да ги прочитате состојките за да откриете дали некоја од овие 6 се наоѓа во нив.

1. Делумно хидрогенизирани масла (транс-масти)

Government Proposes Improving Nutrition Facts Labeling On Food Products

Оваа состојка треба да ви стане непријател. Транс-мастите се полни со лош холестерол, а на вашето тело му е тешко да ги преработи. Познато е дека можат да предизвикаат болести на срцето, недостаток на хранливи материи и нарушување на работата на клетките. И покрај овие несакани ефекти, фабриките за храна обожаваат да ги додаваат во нивните производи бидејќи со тоа ја намалуваат цената, го продолжуваат рокот на траење и го одржуваат вкусот. Транс-мастите се току опасни што Администрацијата за храна и лекови ги отстранила од нивната листа на „генерално безбедни состојки“ и им дала 3 години на фабриките да ги тргнат од употреба. Иако ова е чекор во вистинската насока, ова сепак значи дека до 2018 година многу производи сè уште ќе содржат транс-масти.

2. Вештачки засладувачи

(2)6-uzhasni-sostojki-koi-se-krijat-vo-prerabotenata-hrana-kafepauza.mk

Ако се обидувате да внимавате на бројот на внесени калории или пак, сакате да го намалите внесувањето на шеќер, ќе го откриете неверојатниот свет на вештачките засладувачи. На прв поглед тие изгледаат како совршена замена за шеќерот – немаат калории, но сепак го даваат слаткиот вкус кој го сакате. Ако почнете да истражувате, ќе сфатите дека овие преработени засладувачи се поврзани со зголемен ризик од дијабетес тип 2, и всушност прават да сакате уште повеќе од нив. Овие засладувачи се 700 пати поблаги од природниот шеќер, го полнат вашето тело со хемикалии и ви ја зголемуваат желбата за нивна консумација.

3. Високо-фруктозен пченкарен сируп

Pouring sugar into saucepan with boiling water

Овој сируп се наоѓа во поголемиот дел од преработената храна и во благите пијалаци (сè од газираните пијалаци, до „здравите“ овошни сокови). Производителите на храна го обожаваат бидејќи е поевтин и поблаг од обичниот шеќер. Па, освен ако не сакате намерно да го труете вашето тело, треба да ја избегнувате оваа состојка. Некои од хемикалиите во овој сируп содржат жива, додека другите се толку нејасни, што многу луѓе не знаат каков ефект имаат на нивното тело.

4. Мононатриум глутамат (МНГ)

(4)6-uzhasni-sostojki-koi-se-krijat-vo-prerabotenata-hrana-kafepauza.mk

Оваа состојка се крие зад многу имиња кај разни производи. Можете да ја сретнете како природен вкус, екстракт од квасец, текстурен протеин и хидролизиран протеин (а ова се само некои). Многу научници се убедени дека МНГ игра голема улога кај невролошките нарушувања, како што се мигрената, инфекциите, некои видови на дебелина, па дури и болестите како Паркинсонова и Алцхајмерова. Оваа состојка се наоѓа во конзервираната храна, преливите за салата, диеталните продукти и брзата храна.

5. Бутилиран хидроксианизол (BHA) и бутилиран хидроскитолуен (BHT)

Closeup of a variety chocolate bars

Овие состојки се оксиданси кои формираат реактивни соединенија кои се потенцијални предизвикувачи на рак. Тие исто така се поврзани и со оштетување на црниот дроб и бубрезите, паѓање на косата, рак и пречки во развојот. Застрашувачки е фактот дека овие состојки се наоѓаат во речиси сите прехранбени производи бидејќи значително го продолжуваат нивниот рок на траење. Најчесто можете да ги најдете во житариците, гумите за џвакање, чипсовите и зеленчуковите масла.

6. Натриум нитрат и натриум нитрит

(6)6-uzhasni-sostojki-koi-se-krijat-vo-prerabotenata-hrana-kafepauza.mk

Овие состојки се користат за боење на храната и за продолжување на рокот на траење кај преработеното месо, како виршлите, сланината и колбасите. Кога овие хемикалии ќе се измешаат со киселината во вашиот стомак, тие може да формираат канцерогени клетки и се поврзани со орален, стомачен, мозочен и рак на мочниот меур.

Погледнете и што се случува со вашето тело ако често јадете преработени месни производи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар