Позитивни афирмации за стабилност и заштита

Афирмациите се реченици кои во нас го засадуваат семето на позитивната енергија и ни помагаат да ги промениме своите гледишта и уверувања. Тие помагаат да се чувствуваме заштитено од несигурноста, анксиозноста и стравот. Секоја од следните афирмации можете да ја изговарате кога сте вознемирени, кога чувствувате потреба од заштита, но и како ритуал за приземјување.

Позитивни афирмации за стабилност и заштита

1. Јас сум вкоренета во својата вистина.

2. Јас сум приземна и лесно се прилагодувам на секоја ситуација.

3. Јас сум заштитена и безбедна.

4. Се прилагодувам на животот без напори.

5. Им дозволувам на телото и умот да се развиваат согласно со циклусите во животот.

Позитивни афирмации за стабилност и заштита

6. Јас сум едно со своите тело, дух, срце и ум.

7. Можам да ја преживеам секоја бура.

8. Јас сум смирена, концентрирана и спокојна.

9. Ги испуштам своите стравови и знам дека секогаш сум безбедна.

10. Ја ослободувам својата енергија од сè што е штетно за мене.
Позитивни афирмации за стабилност и заштита

11. Заслужувам да се чувствувам безбедно.

12. Ги поздравувам рамнотежата и благосостојбата на мојот живот.

13. Мојот дом е моето засолниште.

14. За сè што сакам, наоѓам начин да го добијам.

15. Јас сум благословена и сакана. Јас сум безбедна.

Прочитајте ги и овие 8 начини како утрото да го направите порелаксирано.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар