6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

Постојат неколку хобија коишто совршено можат да го пополнат вашето време, но истовремено да влијаат и на продуктивноста на работното место. Посветете дел од вашите попладневни часови на хоби за да научите нешто ново, а со тоа и да го подобрите вашиот начин на работа. Науката покажала дека овие шест хобија можат позитивно да влијаат на тоа како се справувате со работните задачи:

1. Научете да готвите

6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

Следете ТВ-канали за готвење, прочитајте рецепти, научете неколку трикови и влезете во кујната. На овој начин, ќе научите да готвите здраво, а со тоа и правилно да се храните. Домашно подготвената храна нема адитиви, па така позитивно влијае врз вашата целокупна здравствена состојба. Доколку не можете да го правите тоа секој ден, тогаш задолжително посветете се на готвењето за време на викендот. На овој начин, вашата активност во кујна ќе стане регуларна рутина. Свежата домашна храна понатаму ќе ги подобри вашата меморија и способност за забележување детали, а со тоа и вештините и способноста кои ги покажувате на работното место.

2. Одете на часови за вежбање

6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

Доколку немате физичка активност, почетокот на вежбањето може да биде доста тежок. Во прв момент, изберете локација која е блиску или до вашиот дом, или до работното место. На почеток, секако нема да бидете одлични во изведувањето на вежбите, но со текот на времето ќе станете исклучително посветени на оваа здрава навика. Можете да изберете аеробик, фитнес, медитација, јога, или пак нешто што конкретно ве интересира. На пример, вештината Таи чи докажано ги зајакнува мускулите, флексибилноста на телото и рамнотежата, а во комбинација со јога, го прочистувате и умот. Со помош на овие вежби ќе го подобрите фокусот, енергијата и продуктивноста на работа.

3. Спортувајте тимски спорт

6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

Тимските спортови, како што се класичните фудбал, кошарка, ракомет или одбојка, се корисни за раздвижување на вашето тело, но и за подобрување на врските со луѓето. Можете ова да го правите и со колегите од работа, за да ја подобрите и тимската функционалност на работното место. Ваквиот спорт ја подобрува комуникацијата, концентрацијата, справувањето со стресот и постигнувањето на целите.

4. Прочитајте книга

6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

Дури и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, има навистина евтина, но ефективна навика – читање книги. Тој често изјавува дека чита по 50 книги годишно и дека на тој начин и учи нови нешта и го тестира своето разбирање. Истото го прават и други познати личности, како Опра Винфри и Илон Маск, за кои читањето е важен дел од нивниот живот. Читањето го активира вашиот мозок, особено центрите за изразување и интелигенција.

5. Откријте го уметникот во вас

6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

Алберт Ајнштајн, кога бил соочен со потешкотија, слушал музика, за да може да го регенерира мозокот и потоа да се посвети во решавање на проблемите. Тој, исто така, секогаш наоѓал време да свири виолина или пијано. Уметноста докажано ја буди креативната страна на умот и помага во решавање потешки проблеми и предизвици, но и ја зголемува продуктивноста. Секако, не очекувајте дека ќе бидете познати сликари или музичари, но не ја исклучувајте ниту можноста во себе да откриете талент за кој не сте ни биле свесни дека го поседувате.

6. Научете нов странски јазик

6 хобија што можат да ја подобрат вашата работа

Учењето странски јазик ни отвора широка врата кон запознавање со нови култури и нивните навики. Во денешно време, со помош на курсеви и апликации, основите на странскиот јазик може да се совладаат за неколку месеци. Обидете се да комуницирате со луѓе чиј мајчин јазик е оној кој го учите. Новиот странски јазик можете да го совладате на која било возраст, бидејќи не постои ментално ограничување за негово учење.

Прочитајте и кои 5 видови музика можат да ја зголемат вашата продуктивност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар