Зошто луѓето ретко се заблагодаруваат кога некој ќе им помогне?

Кога некој ќе заборави да се заблагодари за некоја услуга или помош, тоа најчесто се етикетира како нељубезно и дрско однесување. Сепак, појавата да се заборави на благодарноста е доста честа меѓу луѓето, без разлика од каде доаѓаат, каква им е културата и на кој јазик зборуваат. Зошто е тоа така?

Зошто луѓето ретко се заблагодаруваат кога некој ќе им помогне?

Во англискиот јазик, на пример, заблагодарувањето е формален дел од многу видови комуникација. Во другите јазици, како на пример македонскиот, често велиме „благодарам“ или „фала“ за одредени ситници, најчесто инстинктивно, но забораваме на она големото „благодарам“ кога некој ќе ни помогне или ќе ни направи поголема услуга. Ова се случува бидејќи во природата на човекот е да очекува да му биде помогнато и дека соработката е сосема нормална работа. Некогаш, овој однос станува толку близок, што дури и забораваме на потребата да се заблагодариме.

Во неформалната комуникација е сосема очекувано дека нештата ќе продолжат да функционираат и без тоа „фала“. Комуникацијата е опуштена или ограничена и во врска со тоа во каков сооднос сме со другата личност, па затоа и на блиските забораваме да им се заблагодариме, што не е случај, на пример, кога вработен во продавница ќе ви помогне да го најдете бараниот производ или пак, во некое кафуле ќе бидете брзо услужени.

Сепак, изостанувањето на зборови на благодарност воопшто не значи дека личноста е нељубезна и невоспитана, напротив, од нејзините гестови и натамошниот однос може да се види благодарноста и почитта која ја има кон личноста која ѝ помогнала. Всушност, секојдневниот живот нè навикнал дека во социјалните ситуации, дури и кога самите помагаме на некого, поважно ни е како тие се однесуваат, а не само зборовите, кои може да бидат празни и само лежерно кажани.

Погледнете ги и овие 15 начини да кажете „благодарам“!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар