8-те фази низ кои ќе поминете пред да сфатите дека сте со вистинскиот

8-те фази низ кои ќе поминете пред да сфатите дека сте со вистинскиот

Сигурно ви е познато клишето дека ќе почувствувате кога ќе го сретнете „вистинскиот“. Изгледа дека ова сепак е вистина. Кога сте со вистинската личност, се случува нешто на подлабоко ниво. Има мир и удобност и се чувствувате како да сте на вистинско место во вистинско време.

8-те фази низ кои ќе поминете пред да сфатите дека сте со вистинскиот

Понекогаш ова сфаќање може да се појави ненадејно. Во еден момент сте во врска, а следниот сфаќате дека сакате целиот живот да го поминете со таа личност. Иако изгледа како ова чувство да се појавило одеднаш, реалноста е дека сте поминале неколку фази пред да стигнете до таму. Па, погледнете за кои станува збор.

1. Изгледа поразлично од секоја претходна врска

Сте биле вљубени и претходно, сте чувствувале страст и претходно, но некако оваа врска ви изгледа поразлична. Се чувствувате поблиски еден со друг, се чувствувате побезбедно и едноставно функционирате. Постои рамнотежа во врската и двајцата имате силни чувства еден кон друг. И двајцата вложувате за врската да биде таква каква што е. Голема е веројатноста партнерот да ви станал и најдобар пријател.

2. Се чувствувате како најдобрата верзија од себе кога сте со партнерот

Кога сте со оваа личност се чувствувате најдобро. Можете да бидете реални, искрени и да не се сомневате во себе. Среќни сте и опуштени и чувствувате мир. Не глумите и не се обидувате напорно да го задоволите партнерот. Не постои чувство дека треба да го подобрите или да го промените. И двајцата го вадите најдоброто од вас и се прифаќате со сите предности и недостатоци.

3. Се имате видено во најлошо светло, а сепак се сакате

Бидејќи никој не е совршен, секој си има лоши денови. Но, и во тие моменти сепак се сакате. Нема потреба да се преправате од страв дека нема да му се допаднете на партнерот. Уште поважно е што се знаете доволно долго и ги знаете вашите најлоши страни, а сепак ги прифаќате.

4. Вашите семејство и пријатели го сакаат партнерот

Партнерот го поминал тестот на семејството и пријателите. Луѓето коишто ве сакаат знаат што е најдобро за вас. Нив им е јасно дека понекогаш љубовта може да ве заслепи. Па, ако го запознале партнерот и навистина го сакаат, можете да бидете уште посигурни дека вашата врска е онаа вистинската.

5. Партнерот е овде за вас и во најтешките моменти

Еден од најдобрите начини да дознаете дали некој е вистинската личност за вас е да поминете низ тежок период. Навистина нема да знаете дали сакате да го поминете животот со некоја личност сè додека не дознаете како се справува со лошите денови (или недели, месеци). Ќе бидете сигурни дека тоа е вистинската личност не само кога тој ќе биде првиот од кого ќе барате помош, туку кога тој ќе ви помага и без да го побарате дома.

6. Се чувствувате како дома

Да се чувствувате како дома значи дека ви е удобно и дека сте безбедни. Ако вашиот партнер прави да се чувствувате така и ако ве облева со љубов, тогаш можеби сте го пронашле вистинскиот.

7. Можете да си замислите иднина со него

Кога си ја замислувате иднината, во неа почнува да се појавува и партнерот. Претходно сте мислеле на тоа како вашите планови и одлуки ќе влијаат на вас. Но сега почнувате да го земате предвид и партнерот. Кога си го замислувате животот неколку години од сега, замислувате сценарио каде партнерот е со вас и тоа не ве плаши. Напротив, прави да се чувствувате одлично.

8. Не можете да си замислите иднина без него

Последната фаза од сфаќањето дека сте со вистинската личност е кога ќе ви стане јасно дека таа е вашата иднина. Вие сте тим, пакет, и каде и да ве однесе иднината, знаете дека ќе бидете заедно. Заедно ќе ги градите вашите животи.

Погледнете и на кои начини вистинскиот партнер ќе ви ја докаже искрената љубов кон вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар