Кремаста и со неодолив вкус: Рецепт за зебра торта што не се пече

Кремаста и со неодолив вкус: Рецепт за зебра торта што не се пече

Поради својот атрактивен изглед, оваа торта е одлична за разни пригоди.

Кремаста и со неодолив вкус: Рецепт за зебра торта што не се пече

Потребни состојки:

  • 180 гр чоколадни бисквити
  • 70 гр путер
  • 1 лажица млеко
  • 30 гр желатин
  • 150 мл млеко
  • 400 гр павлака
  • 300 мл кондензирано млеко
  • 200 мл течен шлаг или слатка павлака
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 30 гр какао во прав

Начин на подготовка:

Растворете го желатинот според упатството, додајте 150 мл млеко и оставете го да отстои некое време.

Измелете ги бисквитите во блендер, а потоа додајте 70 гр стопен путер и 1 лажица млеко. Соединете ја смесата. Ставете ја во обрач и направете кора. Ставете ја во фрижидер 10 минути.

Изматете 400 гр павлака и кондензираното млеко. Одделно изматете 200 гр слатка павлака или течен шлаг. Во желатинот додајте неколку лажици крем од кондензираното млеко и измешајте сè. Додајте шлаг.

Поделете го филот на два дела и во едниот додајте ванилин шеќер, а во другиот какао. Нанесете неколку лажици темен фил врз кората, а потоа истурете неколку лажици бел фил во средината и повторувајте наизменично додека не се потроши материјалот.

Оставете да се излади, потоа извадете го обрачот и послужете.

Погледнете како да направите „зебра“ палачинки.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар