Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

Апчињата против главоболка се добри за да помогнат во повремените случаи кога ќе се појави главоболка, но доколку тоа e секоја недела или секој ден, тогаш ви е потребно поздраво и поквалитетно решение. Прочитајте ги овие научно докажани стратегии кои можат да ја олеснат, а дури и да ја елиминираат вашата хронична главоболка.

Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

Отворете го прозорецот

Кога сите прозорци во вашиот дом се затворени, внатрешните нивоа на мувла, парфеми, чад и други надразнувачи почнуваат вртоглаво да се зголемуваат и го зголемуваат интензитетот на главоболката кај 1 од 4 лица кои страдаат, вели истражувањето на Универзитетот Џонс Хопкинс. Наједноставно решение на овој проблем е ширум да отворите неколку прозорци, за да излезат надвор тие загадувачи на воздухот. Нека бидат отворени доволно време за да влезе свеж воздух во домот. Доколку времето е ладно, затворете ги и за кусо време повторно отворете ги, за да циркулира свежиот воздух во вашиот дом, објаснува авторот на студијата.

Консумирајте малку ѓумбир

Додадете ½ кафено лажиче ѓумбир во прав во вашата дневна исхрана и можете да ги сотрете дури и хроничните главоболки за само една седмица, велат истражувачите од Меморијалната болница Манчестер, во Конектикат. Причината за тоа велат дека лежи во состојката гингерол. Данските истражувачи го посочуваат ѓумбирот како моќен антивопспалителен корен, кој хемиски слично реагира на блокирањето на главоболката како дејството на леукотриени во мозокот, состојка која е присутна во аспиринот.

Совет: консумирајте го ѓумбирот, додавајќи го како зачин во помфрит, ориз, супа, сосови или едноставно сварете го како чај.

Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

Носете очила за сонце

Една од три главоболки е предизвикана или зголемена од нагло изложување на сончеви зраци, велат истражувачите од Универзитетот во Калифорнија. Причината за тоа лежи во тоа што кога светлосните зраци ќе удрат во деликатната ретина во вашите очи, тоа ги активира мозочните нерви за болка. За да не ве заболи глава, ставете очила за сонце пред да излезете надвор во сончевите денови, дури и доколку мислите дека не ви се потребни во моментот.

Мирисајте етерично масло од мандарина

Потрошете по една минута, три пати дневно, релаксирајќи се со вдишување на слаткиот мирис на мандариновото масло и со тоа можете да го намалите ризикот од тензична главоболка за само една седмица, велат истражувачите од Универзитетот Стенфорд. Ароматичните својства на мандарината го успокојуваат централниот нервен систем, ги опуштаат затегнатите вратни жили и мускулите околу скалпот, а воедно и ја поттикнуваат продукцијата на гама-аминобутерна киселина, која ја намалува болката, вели авторот на книгата „Осум недели до вибрантно здравје“. Одличен лек против главоболка е и чајот од лопен, кој ги стеснува крвните садови и го спречува мускулното воспаление.

Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

Загрејте ги мускулите пред спортување

Според истражувачите од Колумбискиот Универзитет, една од четири главоболки на кои се склони жените, се случува како резултат на влетувањето во енергични вежби на телото, без претходно загревање на мускулите. Причината за тоа лежи во рапидната промена во протокот на крв, која може да предизвика болно отекување на крвните садови во мозокот. За да го спречите овој проблем, поминувајте ги првите 10 минути од вашите вежби со полежерно темпо и постепено зголемувајте го интензитетот, велат истражувачите од Колумбија.

Почесто јадете вегетаријански оброци

Кога жените во своите оброци консумираат големи количества овошје, зеленчук, зрнеста храна и житарки, појавата на главоболка се намалува за 70%, а доколку сепак се јават болки, тие се за 66% пократки и полесни, велат докторите од Универзитетот Лома Линда во Калифорнија. Оваа здрава храна, содржи стотици природно антивоспалителни состојки, кои брзо ја спречуваат главоболката.

Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

Станете кога првпат ќе заѕвони алармот

Наспијте се убаво, но не се оптегнувајте долго во креветот. Според истражувачите од Универзитетот во Тексас, 79% од оние кои боледуваат од главоболка се посклони на болка, доколку премногу долго се излежуваат во креветот, дури и ако спијат речиси ист број часови секоја вечер. Исто така, менувањето на часот на будење, има огромно влијание врз функциите на мозокот и грчењето на крвните садови.

Совет: наместете го будилникот да ѕвони приближно во исто време секој ден, дури и за време на викендите.

Погрижете се за вашето ‘рчење

Речиси 30 милиони Американци се борат со апнеата – кратки паузи во дишењето во текот на спиењето, коешто предизвикува гласно ‘рчење, чувствување замор во текот на денот и непријатни утрински главоболки. Тие прекини во дишењето му овозможуваат на јаглеродниот диоксид да се задржи низ крвотокот, а самото тоа е моќен предизвикувач на главоболка, објаснуваат истражувачите од клиниката „Columbia-PresbyterianEastside“. Доколку ви имаат кажано дека гласно ‘рчите или прекинувате неколку секунди да дишете додека спиете, пријавете го тоа кај вашиот доктор. Ако се погрижите за ‘рчењето, утринските главоболки ќе исчезнат за 2 дена, тврдат колумбиските истражувања.

Како никогаш повеќе да не ве заболи глава?

Консумирајте мелатонин

Дури и доколку немате проблеми со ‘рчењето, можеби е паметно да консумирате природен помошник на добриот сон. Во едно бразилско истражување е откриено дека кога пациентите кои се склони на мигрена пиеле по 3 мг мелатонин, 30 минути пред да си легнат, зачестеноста на нивните главоболки и нивото на болката се преполовило. Кај едно од четири лица, овој едноставен третман ги избришал мигрените од нивниот живот, за само три месеци. По сѐ изгледа овој хормон кој го потпомага спиењето, го спречува и еден од најголемите предизвикувачи на мигрената, а тоа е количеството на сон кое луѓето го имаат секоја вечер.

Потрошете 30 минути дневно на себе

Пронајдете 30 минути секој ден за да се релаксирате и опуштите, и ударите во вашата глава може да се намалат за половина за само 2 седмици, велат истражувачите од универзитетот Јута. Наполнете си ја кадата со миризлива купка, длабоко дишете, вежбајте јога, дремнувајте и вметнете ја секоја активност која ве релаксира во вашиот секојдневен распоред.

Како никогаш повеќе да не ве заболи глава

Кога е време да се посети доктор?

Доколку ниедно од овие решенија не го решава и вашиот проблем, вие веројатно имате мигрена и треба да посетите доктор, кој ќе ја земе под своја контрола. Обратете се на доктор доколку:

  • Вашата главоболка трае 4-72 часа.
  • Болката би ја опишале како пулсирање или чукање во главата.
  • Вашата главоболка се влошува кога правите ненадејно движење (како на пример кога се наведнувате да земете нешто од подот).
  • Чувствителни сте на светлина и/или звук, или чувствувате мачнина додека имате главоболки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар